Naslovna Zivot Сања од Брза кујна вљубена до уши во својот Томи- објави една...

Сања од Брза кујна вљубена до уши во својот Томи- објави една посебна приказна за него (ФОТО)

Сања Савеска неодамна откри дека следната сезона во познатото шоу „Брза кујна“ ќе ја гледаме повторно неа. Да потсетиме, Сања во „Брза кујна“ дојде на местото на Александра Илиевска, која се повлече поради тоа што стана мајка.

– Снимањата течеа со навистина интензивно темпо, се снимаа по 3 емисии дневно, речиси секој работен ден.

Првите неколку дена ми беа малку потешки ,бидејќи требаше да ја фатам и јас минутажата и да го совладам брзото темпо на шефовите..

Но навистина многу бргу се вклопивме тројцата па секое следно снимање ми беше полесно, додека сега веќе и не чуствувам дека сум на работа, едноставно уживам со целиот тим кој работи на овој проект но и со нашите драги натпреварувачи.“, откри Сања во Женски магазин.

Таа во едно интервју има изјавено дека порано била актерка, и тоа ја учел легендарниот Димче Мешковски за кој во една прилика рече дека ѝ бил како втор татко.

Сања арскажа какви весели анегдоти имала за време на снимањето на „Брза кујна“.

-Марк и Никола освен што се извонредни шефови се и навистина вистински шоумени, забавни се и сакаат шеги“, кажа Сања додека дел од екипата беше шеф Марк.

А тоа богами не изостанува во нашето шоу. Анегдоти има многу, дел од нив се пред камерите.

А, има и такви моменти кога не сме можеле да престанеме со смеење па чекаа во режијата да се смириме и да продолжиме, на пример кога шеф Никола направи туфахија а шеф Марк ја коментираше …

Е тука мислам 5 пати дека не враќаа за да снимаме.

Среде емисија ни има летното блендер полн со крем, се за пали крпа, јас истурив шише зејтин па се лизгавме, но во овие и многу други моменти снимањата течеа најпрофесионално“, рече таа.

Таа во едно постаро интервју зборуваше за нејзиното мислење околу новинарската професија..

– Кај нас факт е дека новинарската професија е омаловажена од сите страни. Сепак, е работа која влегува „под кожа“. Новинарството е зависност, професија без работно време зашто секаде и во секое време може да се јави интересна приказна.

Ако не живеете во таа вечна потрага, тогаш и не можете да бидете успешен во оваа работа. Новинарството пред сè значи храброст, почит кон соговорникот, истрајност и трпение.“, рече Сања.

Сања во една прилика уживаше во одморот на Пелопонез со својот сакан Томи. Таа се јави од Античкиот театар Епидариус со магично зајдисонце зад неа и напиша:

Совршена сцена, амбиент кој не постои на друго место. Магично зајдисонце и звуци на античкото минато. Најубавата и најавтентична театарска сцена. Античкиот театар Епидариус.

Изграден е во четвртиот век пред наша ера и е најакустичниот театар на светот. Тој во минатото претставувал светилиште на грчкиот бог на медицината Асклепиј и може да прими дури 14.000 гледачи.

Сите гледачи подеднакво добро можат да го чујат и најтивкиот звук од #МагиченПелопонез“, напиша тогаш Сања.

-Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата. Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома.

Но, секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша“, рече Сања за својот сакан.

Сања објави слика со својот Томи како уживаат заедно во природа и раскажа приказна за него која е кратка, но всушност многу кажува: Со вистинската личност секој ден е Валентин“, напиша Сања, а во хаштаг го нарече својот сакан Супер Томи.