Naslovna Zivot Своевидна неправда за Влатко Илиевски, ниту еднаш не е репризиран неговиот концерт...

Своевидна неправда за Влатко Илиевски, ниту еднаш не е репризиран неговиот концерт од пред 11 години?

Прерано упокоениот млад пејач, за многумина омилена на естрадата, Влатко Илиевски својата кариера ја започна на почетокот на 2000-те и се стекна со голема популарност ширум македонската публика.

Влатко Илиевски беше македонски пејач на поп и рок музика, но и успешен актер и водител на најстариот детски фестивал „Златно славејче“. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.

Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“.

Заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Влатко засекогаш си замина на 6 јули во 2018 година, неколку дена по својот 33 роденден. Многу негови блиски и фанови уште се во неверување и шок за загубата на ова талентирано момче, миленик на сите генерации.

„За љубов се пее до крај“ беше насловот на една од неговите песни, дует со Ристо Самарџиев со кој победија на „Охрид фест“ во 2009 година. Ова беше една од триесет и петте фестивалски награди на Влатко.

Токму по оваа песна се вика цедето кое беше издадено во сеќавање на Влатче, како што најблиските и пријателите од естрадата го викаа.

На цедето има 19 песни, кои внимателно ги избра неговото семејство, таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа.

Таткото на Влатко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител за Женски магазин ја раскажа приказната и симболиката на овој албум и се присети на најдрагите нешта на својот син.

Албумот не е комерцијален, нема да се продава, го подаривме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше Влатко, сакаше да подарува.

Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше.

Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка.

Многу патувам низ цела Македонија и луѓе постојано ме прашуваат дали ќе има албум со неговите најголеми хитови“, изјави таткото на Влатко, Драган Илиевски.

Тој на фан страницата на Фејсбук на Влатко, како и на неговиот профил објави стори од неговата песна „Во пепелта на љубовта“, а стиховите на песната се всушност посвета на Влатко од таткото и од сите негови блиски.

-Те сакав како река својот камен, те сакав како облак својот дожд, те сакав како оган својот пламен а сега ние не сме веќе заедно. Те љубев како сликар свое дело, те будев како магла овој град, те барав како дух од ново тело а дојде време други да не разделат.

Во пеп елта на љубовта еве песна нека биде жар, да застанеш, да заплачеш, да ме спомнеш бар.

Неговиот татко собра сили и организираше промоција на албум со познати и сосема нови, никогаш необјавени песни од Влатко, „Последното танго“, во јули минатата година.

-Денес сите го славиме Влатче. Не е лесно, но овој настан е замислен како весело дружење, какво што Влатко би сакал да види“, рече познатиот музички новинар Иван Беќковиќ, промоторот на настанот, и голем пријател на Влатко.

На промоцијата, историјата на неговото дружење ја раскажа и авторот Владимир Дојчиновски-Дојчин, а објави Женски магазин тогаш.

-Со Влатко не бевме само соработници, туку и другари. Одевме на многу журки заедно, свиревме заедно“, рече меѓудругото Дојчин кој машки се избори да не пушти солза, исто како и Ристо Самарџиев.

На Фан страната на Влатко Илиевски е објавено сеќавање, тоест снимка од неговиот концерт кој се одржал на денот на виното и љубовта во 2012 година.

На страната на Влатко е објавено следново, тоест за една неправда која му е нанесена на нашиот доста познат и за жал прерано упокоен пејач:

-Концерт со директен пренос на МТВ 1 на 14.02.2012, Влатко и приателите со учество на Биба Додева, Тијана Дапчевиќ, Гиш, Трајче Манев, ДНК, Џафер, Ристо Самардџиев, Трифун Костовски, Миле Кузмановски, Ристе Тевдовски, МОРАЛ..

Хорот на Златно славејче и симфониски оркестар со диригент Чадловска. Еден од најдобрите концерти во Мкд оценет од сите медиуми. Ниту еднаш после 11 години не е репризиран?“, стои на фан страната на Влатко Илиевски.