Фолкерката Татјана Лазаревска заедно со своето семејство, односно сопругот Новица и синовите Стефан и Петар веќе неколку години живее во Австралија.
Во интервју за www.svet-australia.com проговори за својот живот во Мелбурн, како го поминува времето, за музичката кариера, за семјниот однос со сопругот, за време на пандемијата.
-Времето во Ков ид беше предизвик за сите луѓе, барем јас така мислам. Старата изрека вели:
„Во мака се познаваат јунаците“. Фала му на Господ, јас и моето семејство сме добри. Работевме, па деновите во кара нтин ни поминуваа побрзо.
Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 28 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.
И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рекла Татјана.
Потоа, го искоментирала моментот кога Новица во едне период решил да се одмори од социјалните мрежи и објасни зошто тоа го сторил.
-Кога започна короната, Новица преку социјалните мрежи дознава што се случува во светот, па како и секој човек имаше свој став за тоа.
Но, еден ден кога се разбуди сфати дека нема ништо од тоа – да се занимава со тоа на Фејсбук, а и се измори од сите дезинформации и одлучи да се одмори и да се посвети на поубавите работи.
Сега моментално подготвува место за бавча каде што ќе произведува органска храна за нас“, кажа Татјана тогаш за својот сопруг, познатиот пејач Новица Василевски.
Се пределивме во Австралија пред 5 години, а главна причина беше: на децата да им даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.
А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија.
Вистинска причина за тоа беше што во Мелбурн имаме повеќе пријатели кои ни помогнаа околу адаптацијата, а климата овде е слична на нашата во Македонија. Поточно, на нас не ни е важно каде сме туку со кој сме.
Од самиот почеток децата добро ја прифатија оваа средина, а и на училиште беа добро прифатени. Сега кога ги прашувам дали би живееле ми велат да, но и овде им е убаво. Кога децата се среќни и ние сме уште повеќе среќни.
Нема дрво без корен, па така и јас имам чувство кон својот корен, посебно бидејќи целата наша фамилија е во Македонија. За среќа, современата технологијата ја ублажува носталгијата, авионите летаат, па се постигнува кога се сака.
Треба само да се има желба. Мојата мајка е жена со големо срце и љубов за сите. Нејзините посети ни го разубавуваат секојдневниот живот. Најсреќни сме кога сме заедно“, кажала за Свет Австралија Татјана.
Со гламурозни слики во кои таа е облечена во црвен краток фустан и високи црвени штикли, Татјана Лазаревска објави дека слави роденден.„Денес е мојот ден, денес ми е роденден“, напиша нашата пејачка до сликите.
На нив, Татјана изгледа одлично, а со балоните таа покажа коллу годин полни- 48. До неа има еден уникатен детаљ, а тоа е фигура од нејзина цртана слика каде што личи на Мерилин Монро.