Naslovna Zivot Гавазова целосно го смени имиџот – „гори“ во ова издание, човек да...

Гавазова целосно го смени имиџот – „гори“ во ова издание, човек да не ја препознае (ФОТО)

Гавазова Сузана настапува турбо и успешно ги балансира обврските како мајка, сопруга и успешна пејачка кај нас ама и во дијаспората. Кога Сузе ќе запее, сѐ грми и ечи, велат оние што ја слушале.

А и нејзиниот сопруг Јасмин често знае да отиде на нејзините настапи и да ја нарече својата сакана – кралица, а според она што и двајцата го шеруваат на мрежите, тој навистина ја третира како кралица.

Гавазова потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, нека нека“, со која не освојуваат награда.

Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди.

Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров.

По ова следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка.

Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.

Сопругот Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.

Гавазова важи за пејачка која не е премногу загрижена за она што другите ќе кажат за неа.

Таа во последно време на ѕвезденото небо се истакнува и со своите специфични модни комбинации, а не ретко објавува и фотографии на кои покрај оскудните изданија, можеме да ја видиме и во костими за капење.

За Гавазова е познато дека има провокативен имиџ уште од времето кога се појави на нашата естрада, но исто така е познато и дека ја сака и ја негува македонслата традиција, што со песна, што во кујна.

Гавазова во повеќе наврати покажа дека е супер домаќинка, па Инста стпри редовно покажува како готви полнети пиперки, чорби, пити и уште многу традиционални и модерни јадења, а во овој процес, таа ги вкулучува и ќерките.

Гавазова е вистински доказ дека една жена може да има успешна кариера, а подеднакво да биде добра домаќинка, сопруга и мајка.

Таа на својот Инстаграм профил во една прилика сподели видеа на кои покажа дека лично готви здрава и вкусна храна за своето семејство.

Сузана во една прилика зборуваше што е природно, а што не е на неа. „Ах сите знаат дури од порано. Најголем адут ми е задникот, па се трудам да го одржувам како и целата линија, па комплиментите најмногу се однесуваат на тоа.

Силикони немам на гра ди, и не сум подготвена сѐ уште, мислам дека за тоа човек треба да има храброст.

Имам само силикони на уста, пред 3-4 години. Другото сѐ е природно на мене“, кажа оваа наша згодна пејачка.

Сузана Гавазова пред некое време беше мета на критики кога направила “чудна“ фризура и ставила стори и слики на Инста на кои рекла дека вака изгледала за Новата година, и добила доста комплименти за овој изглед, но и еден коментар кој е со критика:

-Толку пари имаш, и така косата ја направи, да не беше кокошките од селото…“,

Вака стои во овој коментар на Инста профилот на Сузана Гавазова.

Гавазова отсекогаш важела за многу убава и згодна пејачка и никогаш не разочарала со својот изглед, напротив само изненадува. Гавазова е полна со настапи и секаде ја бараат, бидејќи има и квалитет и став.

Гавазова настапувала викендов, веројатно на некоја приватна забава, а за таа вечер се спремила спектакуларно, облечена во син комплет, кој ги истакнува нејзините облини и открива многу, особено во пределот на стомакот.

Не е првпат Гавазова да ја носи оваа боја, очигледно многу добро ѝ стои и ја истакнува нејзината фигура.

Но, она што е интересно е дека Гавазова ја сменила фризурата, односно си направила шишки и малку ја скратила, па во ова издание нашата пејачка “гори“, како да гледаме друга жена. Навистина изнанади.