– Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта“, изјави во едно интервју за Фешнел Елена Стојановска, нашата позната ТВ водителка од Сител ТВ.
-Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето.
Мислам дека сево ова е доказ, зарем не“, кажала Елена која ја води Утринската програма на Сител.
-Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа.
Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика.
Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага.
Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување.
Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи. Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи.
Искрено, најчесто сум без шминка. Веднаш по емисија затоа што имаме тешка телевизиска шминка гледам да ја отстранам, премногу ми е сценска за така да се шетам.
Приватно, сакам да го прикријам заморот на лицето и да изгледам свежо, а сакам и да ги истакнам очите.
– Серумот на Есте Лаудер за ноќна нега, нивниот коректор и изедначувач на кожата на лицето Idealist, римелот на Лореал и сјајот на Maybelline, Wonder woman Sister и ми е подарок од сестра ми.
Во мојот несесер секогаш имам сјај за усни, руменило и се разбира огледало“, кажала Елена за Женски магазин за својата нега и убавина.
Шармантната водителка која речиси секое утро гледачите имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.
Но, убавата Елена е доста активен корисник и на социјалните мрежи каде редовно пред јавноста открива детали од своето секојдневие и приватноста.
Во една прилика, таа на својот профил го објави најдрагото во својот живот – нејзината ќеркичка.
Поводот за тоа беше роденденот на нејзината сакана наследничка, односно денот кога Елена се реализираше во улогата на мајка.
-Љубов моја најголема. Денес е твој ден, мојот најважен ден 13. Ноември. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја.
Мое шеќер бебе. Среќен роденден! Секој ден те сакам се повеќе! Мама, напиша Елена во посветата за својата најсакана Илина.
Елена е сопруга на Огнен за кој има кажано дека многу го сака, но нејзина љубов не е само тој, а тоа го покажа со новото стори на Инста каде што е сликана во лифт пред излегување.
-Традиционално, на Валентајн со другарките, зошто и таа љубов ми е важна“, напишала Елена во ова стори.