Naslovna Zivot Вера Мештеровиќ откри како татко и ја изненадувал мајка и секој викенд

Вера Мештеровиќ откри како татко и ја изненадувал мајка и секој викенд

Членот на жирито на шоуто „Гранд“ Ѓорге Давид, рече дека поради природата на неговата работа многу патувал а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.

-Направив преку 2.000 километри низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа.

Потоа, тој споменал една наша убава водителка, а тоа е Вера Мештеровиќ, и ги раскажал своите релации со неа.

– Мене искрено ми е жал што повеќе не се емитува на Канал 5, затоа што со Ведрана, особено со Вера Мештеровиќ имам сериозна дружба. Со Вера дури имам и сериозни деловни приказни.

Вера Мештеровиќ е некој кој е задолжен за мене во Македонија по секое прашање.

Пресериозна, преубава, преталентирана, превоспитана, преелоквентна и преобразована женска личност, јас мислам дека таа е заштитен знак на Македонија во секоја смисла на зборот.

Поради тоа ми е прекриво што Канал 5 повеќе нема да го пренесува шоуто, но секако мојата поврзаност со Канал 5 поради овие две жени, особено поради Вера е огромна, така што јас и понатаму ќе останам верен на својот Канал 5“, кажал Ѓорѓе Давид.

Може да се каже дека Спенџарска и Вера Мештеровиќ се едни од најразиграните водителки кај нас, нема ден да не направат нешто забавно во студиото и ги расположуваат сите.

Спенџарска пред некое време објави стори на Инстаграм каде беше гостинка во кулинарското шоу ,,Манџа” на Канал 5 да зготви еден чиа пудинг, бидејќи како што и самата кажа нема талент за готвење.

Спенџарска рече дека напоредно ќе ги извести гледачите кога ќе се одржи епизодата каде што таа учествува. Имено, на крајот од снимањето, Спенџарска и Вера Мештеровиќ си го завршија работниот ден како што им прилега.

Играа на песната ,,You can leave your hat on” од Џо Кокер, додека Спенџарска снимаше, Мештеровиќ го црна кратка сукња мешаше во позадина.

Косата ѝ беше разлетана, па таа се гали по неа и меша додека целото внимание во студиото беше насочено кон нив.

-Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството, а особено времето на модната куќа „Систина“ и целиот тим со кој работевме таму…“, реле Врера која од бракот со Игор Кралевски има две деца, Јована и Андреј.

Вера Мештеровиќ и кога не е пред ТВ екраните е секогаш средена и дотерана, а во последно време на Инстаграм почна да објавува и слики со помалку шминка, но и раскомотена, на пример, само облечена во пешкирче или по долна облека.

На нејзината последна објава, Вера се сликала најраскомотена досега, по долна облека, а бујното деколте кое за првпат го покажа толку провидно.

Всушност на сликата може да се забележи и дека Вера нема многу шминка на лицето, а сепак изгледа многу убава, но и нејзиниот тен е потемен, што значи дека водителката полека се подготвува за лето.

Во еден од коментарите, веројатно пријател на Вера, многу ја пофалил и ѝ напишал коментар: „Ти си Вере девојка со природна убавина.“

Вера Мештеровиќ во едно интервју за „Џентлмен магазин“ проговори што значи според неа џентлменство и дали кај нас постои такво нешто:

-Па има, сѐ уште има. Ајде да не се изразам грубо, од помладите генерации од кој што можат мажите да видат што значат тие ситни манири. Без повод да се направат одредени гестови, не мора стално да биде со повод, вистинските џентлмени тоа постојано го прават.

И драго ми е што постојат во Македонија сѐ уште. Меѓутоа, сега јас не би сакала конкретно да ги наведам со име, би ги навела мојот татко, мојот брат, мојот братучед, мојата најблиска околина, кои ете ги сметам за сосема џентлемени.

Ете, уште од детството можам да се сетам дека татко ми во викендите никогаш од пазар не се враќал без букет цвеќе. Сметам дека тоа е една баш убава одлика за џентлмен и дека секојпат со мајка ми убаво се однесувал.

Ја прашувал, се консултирал со нејзе. Тешко е да најдете мажи со самодоверба.

Јас сум дел од јавниот живот и сметам дека не е лесно некој да биде во моја околина, јас сум сепак родител и мајка и некој треба навистина да се носи со тоа, изјави Вера во ова интервју.