Игор Џамбазов, во интервју за Слободен печат минатата недела, открил дека тој повеќе не е со Илина Арсова нашата позната алпинистка која живее во Америка.
Имено, тие раскинале по три години од почетокот на нивната врска, а актерот ги открил прилчините за нивната разделба.
-Тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.
Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.
По објавата на веста од страна на Игор, Илина Арсова стана мета на критики од некои луѓе откога, иако Игор во неговиот статус повика да не се обвинува Илина за нивниот крај и да и се дава максимална поддршка.
Илина Арсова е еден од најголемите спортски амбасадори на Македонија и заслужува целосен респект, бидејќи на секој освоен врв, го вее македонското знаме.
Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува на планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам).
Истата година за првпат се искачува на Монблан (4.810 метри), највисок врв во западна Европа, како дел на екипата на црвениот крст за итни интервенции и спасување во планина.
Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Многумина во Македонија, но и во нејзиното моментално живеалиште во Америка, се прашуваат, како и успева на оваа Арсова, да изгледа така како што изгледа.
Илина Арсова деновиве објави видео и им одговори на сите љубопитни, како да се стигне до посакуваниот резултат.
„Знам дека е тешко да се започне со вежбање, особено ако сте имале мала пауза. Многумина од вас ме прашаа како да ја задржам таа мотивација. Па, одговорот претпоставувам е самоопределување.
Ако размислувате за наградите што ги добивате како резултат на тоа, позитивното чувство што ќе го имате по секоја сесија или извајувањето
на вашето тело онака како што отсекогаш сте сакале, може да помогне како поттик за мотивација. Еве неколку резултати по само неколку дена откако си дадов предизвик.
Преку ова видео брзо напред, за 1 мин прикажувам 15 мин тренинг што можете да го правите дома или во теретана.
Предложените вежби се едни од моите омилени за јачина на торзото, и сакам да ги правам секојдневно.
Без оправдување дами и господа! Потребни се само 15 минути, а секој треба да може да посвети барем толку малку време за себе.“
View this post on Instagram