Naslovna Zivot Вујкац да си ми здрав и жив – внуката на Наум Петрески...

Вујкац да си ми здрав и жив – внуката на Наум Петрески објави слики од него како млад (ФОТО)

Наум Петрески е сопруг на Зуица Лазова, и е татко на четири деца, три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.

Наум и Зуица се заедно долги години и заедно имаат две деца, но ретко кој знае дека тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале, ексклузивно дознава ММС.

Ова се случило пред шест месеци, но Зуица и Наум не сакале јавноста да знае, а тоа им го кажале и на најблиските, кои биле гости на двете брачни церемонии, во матично и во црква.

Извори на ММС, а блиски на Наум и Зуица, ни раскажаа дека тие најпрво склучиле граѓански брак во Скопје, но десетина дена подоцна се венчале во Охрид, поточно во Свети Наум, а ги венчал отец Нектариј.

Потоа, како што е редот, имало и мала забава во ресторан каде што се сечела торта. Инаку, Наум и Зуица имаат две деца, Стефан кој е деветто оддление и Македонка која има 20 години и е студент.

Во емисијата „Зафиров шоу“, учествуваше Зуица и проговори за неа и Наум.

-Живееме на другата страна на Водно, во Припор, имаме почист воздух и точно го гледам одозгора кога е задушено, движам тука околу куќа, во бавчата и немам навистина ниту време, ниту навика, ниту потреба.

Кога е викенд, време за прошетки, еве нас ни се јавуваат обврски од типот гостувања навечер, пеења во ресторани, свадби и сите тие работи.

Денот ќе го поминеш да одмориш за вечерта и утредента додека се разбуди човек, прошол и викендот. Од понеделник сум на работа со моите драги ученици и тоа е тоа.

Околу исхраната, кој и како готви, Зуица одговори:

-Се обидуваме тоа да биде барем повеќе да е домашна исхрана. И кај нас 24/7 е отворена кујната, секој нешто прави и готви. Јадењата се домашни, готвам јас, готви мојата свекрва Анастасија, мајка му на Наум.

Наум Петрески кога ќе е многу расположен и тој готви. Многу е добар во кујна, така што на тој начин спремаме и домашен леб, домашни пастрмајлии, тоа е далеку од здрава исхрана.

Единствена која што внимава на тоа е ќерка ми Македонка, која што доби свој начин на исхрана, од другарка ми Драгица, исхрана по генотип и таа знае да згреши, лазањи си се лазањи, мама кога ќе ги направи.

На прашањето дали користат телефони и додека одат во тоалет и дали се „зависни“ од технологија, Зуица рече:

-Не е само дека младите се „зависни“. Јас можам да видам дека и мојата генерација, се „зависни“. Ако ништо друго и некога игричка, Фејсбук. Напреднати сме, знаеме и за Инста, ќерка ми ме научи.

Баш ми се најинтересни тие „рилс“. И ние како наставник, сум приморана да го внесувам и часот на лап-топ, ако ми е при рака, ако не тоа е телефонот. На некој начин и работата ми се наметнува преку телефон, електронски да мораме да ја водиме.

Наум Петрески е миленик на многу луѓе поради неговиот убав глас, а пред некое време една жена од Србија напишала на стори на на Инста мошне убава и вистинска приказна за Наум, а е поврзана за нејзиното детство и вели вака:

– Еден продуцент ме потсети денес кој ми беше омилен пејач кога бев дете. Мојата мајка е Македонка, родум од Струга. Јас сум полу- Македонка, тоест цинцарка како што Тоше Проески беше.

Имав некои 10 години кога Наум Петрески пееше на свадба на мојот братучед Ристе Паноски во хотелот Бисер. Се сеќавам дека му баараа на маса да им пее без мирофон, „Зајди, зајди“.

Сите плачеа и беа воодушевени. Јас паметам дека бев толку маѓепсана од него. Заминав назад за Кикинда со негова касета, и секојдневно ги вежбав неговите песни на виолина.

Мојот татко уживаше да ме слуша, а сестра ми бегаше од станот: О не, сега пак Наум ќе го вежба.

Баш ме интересира дали ќе ме заследи и тој“, напишала на стори Александра Талман, а оваа убава приказна Наум ја споделил на стори кај него.

Сепак, за тоа каков е Наум како семеен човек, многу кажуваат зборовите на Зуица која во секое интервју го фали својот сопруг.

Помалку е познато дека Наум има сестра по име Билјана, а внуката од сестра му, Александра, по повод предминатиот роденден на Наум раскажала нешто многу интересно, но и емотивно за пејачот.

Всушност, внуката Александра му го честитала роденденот на Наум, а честитката изгледа вака:

-Вујкац, да си ми жив и здрав уште 1000 години. Ти си тој вујче што како дедо Мраз доаѓаше од турнеи натоварен со поклони, нѐ шеташе кај што ќе посакавме.

Ти благодарам што постоиш и што безрезервно се грижеше за нас и си ангел чувар на мојата мајка, твоја сестра, Билјана… додека беше болна на клиниките во Скопје, напишала внуката на Наум, а честитката е многу емотивна и кажува многу за добрината на нашиот пејач.