Naslovna Zivot Филип, синот на Маријана и Тоде напиша тажна порака за татко му,...

Филип, синот на Маријана и Тоде напиша тажна порака за татко му, на една година од упокојувањето (ФОТО)

Во февруари минатата година, во Австралија се упокои Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од тешка болест, кан цер на белите дробови.

Тоде ги напиша сите најубави песни за Маријана и Росана, кои и денес се хитови и се пеат насекаде. Заслужен е за многу хитови што ги испејаа Маријана и Росана и не само тие.

„А од љубов не се бега”, „Ако не исчезнам”, „Признавам”, „Има една судбина”, „Трст виа Скопје”, „Свири ми брате цигане“, се дел од нив.

Тоде до самиот крај беше во одлични односи со својата поранешна сопруга, и беше татко на две деца, а подоцна и дедо на Ива која му е внука од синот Филип и снаата Анастасија, а инаку има и ќерка Магдалена.

Тој дал интервју за svet-australia.com, и таму открил дека последниве години се бо ри со тешка бол-ест и раскажа за неговата бор ба да ја поб еди.

Авторот на интервјуто вели дека Тоде му ја покажал “птицата” што ја добил на подарок од болницата “Аустин” од од одделот на славната Оливиа Њутон – Џон, кој се грижи за пациенти заболени од кан -цер.

– Оваа птица ми беше подарена пред неколку дена, на крајот на терапијата со радијација. Иако мојот ра-к на белите дробови нема никаква врска со Ко -вид 19, почетокот на проблемот, пред две години и развојот на болеста беа скоро исти.

Од една ст рашна инфекција добиена заедно со грип и после недобро направена дијагноза, за неколку месеци стигнав до внатрешно кр в-ар ење, и до метас-тази кои ме раздрмаа и физички и психички до максимум, изјави своевремено Тоде Новачевски.

„Што да кажам, бескрајно сме тажни. Сѐ уште не веруваме дека си замина. Децата во Австралија, сестра ми, сите. За жал, таа проклета болест, ни го зема нашиот брат,  а сега и Тоде.

Песните и душата кои ни ги пренесуваше пишувајќи за нас, се нешто исконско и вечно“, изјави Росана Сариќ-Тодоровска за Женски Магазин.

Една од своите последни објави на Фејсбук, Новачевски ја посветил на неговата внука Ива. Тој споделил слики од синот, снаата и од внуката Ева, и напишал: „Те сакам до небо сонце на дедо..“

Во уште една своја објава, тој всушност искрено раскажал што му е на него потребно за среќа, а во објавата, нашиот познат копозитор напишал:

– Од љубовта, од вистината и од својата судбина не избегал никој драги мои! Не избегав ни јас !

А, ако со некоја моја песна, музика или било каква мала добрина сум ве израдувал малку, еве ми го најубавиот момент да сум најсреќен и најспокоен човек на светот, само заради тоа.“

По повод Задушница, денот кога се сеќаваме на сите оние кои веќе не се меѓу нас, на својот упокоен сопруг Тоде и на други нејзини блиски личности, меѓу кои е нејзиниот брат Мирче, се сети Маријана.

– Мирче, Тоде, Бибе, Џани, Craig, Fanica. Почивајте во мир. Вечна ви слава“, напиша Маријана, а потоа на сите им ја посвети песната „Молитва“ која ја пеат Селин Дион и Андреа Бочели. Тој прозборел и зошто се разделил од Маријана:

Животот во Австралиа мене лиčно ме измени до тој степен, да се осеќав како губитник на кој не му успева апсолутно ништо, ни да си најди работа во својата професија, ни да го заштити своето семејство од разно разни глупости кои доаѓаа од примитивци кои не принудија да одиме дури и по австралиските судови.

Ете тоа мене лично ме направи неспособен за компромис и за пребродување на кризата во нашата врска. А јасно е дека без компромс, врски не постојат.“, рекол Тоде минатото лето.

-Рековме ЗБОГУМ. Сакам песно моја да те испеам сета болка своја, како солза да ја слеам….. Одлетај песно моја моја гулабице побарај ведро небо за мојот бол на срце.

Почивај во мир Тоде мој, таму некаде каде болки И премрезја не постојат“, напиша Маријана Новачевска на Фејсбук откако Тоде си замина во вечноста.

Со емотивни зборови, и синот Филип и ќерката Магдалена се простија од својот татко и рекоа дека засекогаш ќе бидат горди на него и среќни што го имале.

Маријана за ММС раскажала дека таа решила да му прости на Тоде за сѐ, затоа што иако долго години не биле заедно, тие имале брак, имале љубов, деца и внука.

-Солзи, неговите молби за простување и дела многу му е жал, се кае и се чувствува виновен што се распадна нашата заедница. За овие 20 години колку што не сме во брак, се измачи и тој сам во животот многу.

Последните денови од неговиот живот ми ја распараа душата и ќе ги паметам додека сум жива. Секој ден додека одев во болница и додека не можеше да јаде и пие во хранев“, раскажа Маријана.

На денешен ден, една година по упокојувањето на Тоде, синот Филип напиша емотивна порака на својот татко:

„Помина една година откога по чина. Ми фалиш тато.“ Маријана ја сподели истата објава од својот син и допиша:

„Почи вај во мир Тоде. Вечна ти слава.“