Naslovna Zivot Тажно сеќавање на Огнен Здравкоски- сподели статус за Џорлев, кој мами солзи...

Тажно сеќавање на Огнен Здравкоски- сподели статус за Џорлев, кој мами солзи на очи

Познатиот музичар и професор по виолина Зоран Џорлев на први јануари во 2021 година ја изгуби животната битка. Џорлев се упокои откако му се откачил тр омб, а беше заболен и од кор она вирусот.

Тој последните денови од животот ги помина на Инфективната клиника во Скопје. Неговите најблиски се надевале на подобро, но Џорлев за жал не успеал да се опорави.

Веста за неговото замимување прв ја објави неговиот внук, од сестрата на Џорлев, пејачот Огнен Здравковски. Огнен летово се избори со вирусот, како и неговата мајка, Софче Џорлева.

Познатите линости тој ден се простија од Џорлев. „Не се договоривме вака да ја почнеме годината.

Македонија денес изгуби голем музичар, професор, пред се прекрасен сопруг и татко. Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите“, напиша Владимир Блажев- Панчо.

„Ах Зоки. Колку тажен почеток на годинава. Колку голема загуба за сите нас, а најмногу за семејството. По чивај во мир голем човеку… твојата музика, добрина и великодушност вечно ќе живеат… Слава ти!“, беа зборовите на Сузана Турунџиева.

Боже мили, не можам да верувам, не можам солзиве да ги застанам душава ми плаче. Зоки ни замина, не можам да прифатам.

Како да кажам по чивај во мир на еден од најдобритре луѓе што ги познавава во животот, како а речам лесна му земја, офф.

Господи, вечна му слава и покој на душата, сето царство небесно за неговата огромна душа. Маестро Зоки Џорлев, по -чивај во мир, мое најдлабоко сочувство на семејството“, напиша Анета Наковска.

Андреј од ДНК ја сподели песната „Сулејман седи на кула“, и напиша: „Една од моите омилени ремек дела од народна песна, отсвирена од Маестро Зора Џорлев. Поч ивај во мир “

И Влатко Лозаноски сподели снимка од негов настап со Џорлев и напиша: „Поч ивај во мир Зоран Џорлев. Не напушти прерано!

Секогаш насмеан, позитивен и голем борец за македонската музика. Сочуство до неговото семејство. Вечна му слава“.

Но, најемотивната порака ја напиша токму Огнен, неговот внук.

-Македонија денес изгуби многу голем и значаен човек, човек со огромно срце и огромна и чиста душа…

Мојот најголем идол, мојот животен ментор, мојот втор татко, мојот МАЕСТРО, моето се…. Зошто…? Зошто волку рано, не се договоривме вака…?

Не знам што, а и не можам ништо друго да напишам во овој момент, само ќе ќажам дека од денес мојот живот никогаш нема да биде ист…ЌЕ ТЕ САКАМ ЗАСЕКОГАШ, ИМАЈ ЦАРСТВО НЕБЕСНО.

Внукот Огнен, сите свои настапи оттгаш му ги посветува на својпт вујко, и често на социјалните мрежи пишува колку му недостасува.

Со една негова објава, тој својот вујко го зачува од заборавот, тетовирајќи го неговиот лик на неговата рака.

Огнен и сега се сети на својот вујко, тоест на еден негов статус во времето кога тој се натпреварувал со шоуто „Ѕвездите на Гранд“, и вујко му како знак на поддрпка напишал:

-Огнен Здравковски растеше секојдневно опкружен со музиката Мојот татко Наско (неговиот дедо) постојано велеше дека во музиката не треба да има протекции, или те бива или не те бива!

Знам дека на нашите деца им е тешко да живеат со презимето “Џорлев” бидејќи постојано им говорат дека “ги бутка” Џорлев, но напротив тие сами се борат и успеваат со својот личен труд и работа, а јас сум среќен поради тоа.

Сцената е како ажд аја и нема затскривање бидејќи тука сте вие, нашата ни драга публика од која и за која живееме.

Оги овој твој настап ми покажа дека јас не те туркам ниту буткам, туку ќе продолжам само да те советувам да продолжиш со исто темпо да работиш, да останеш скромен и чесен, а времето ќе го покаже и докаже твојот труд.

И знам само дека Господ може да ни го одземе тоа што ни го дал“, напишал Џорлев за својот внук како поддршка, а Огнен то овој статус кажал само едноставно: ВУЈЧЕ.