Naslovna Zivot Слаткар искрено раскажа за проблемите со говорот: Како мал мислев дека Бог...

Слаткар искрено раскажа за проблемите со говорот: Како мал мислев дека Бог ме казнил, а сега сфаќам дека Господ ме погледнал

Околу Марко Маринковиќ- Слаткар за брзо време се создаде еуфорија. Го обожаваат тинејџерите, а сега веќе им стана симпатија и на нивните родители.

Тој во Женски Магазин ја искоментира неговата песна „Да полетам“ за која рече дека е автобиграфска приказна.

„Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.

За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот упокоен татко.

За сѐ она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече тој. Слаткар и во Бекстејџ ја раскажа приказната која е слична на оваа , но неколку години потоа.

– Моја лична е главно песната „Да полетам“, таа песна највише ме опишува. И едноставно, таа храброст што сум ја имал да го кажам тоа на тие години, едноставно никој немал храброст да го каже, највише ми стои, се уште.

Без оглед дали некоја друга песна е поголем хит во моментот, таа песна буди најмногу емоции кај сите луѓе кои се дојдени на концерт, и кај мене.

Така да, таа песна ми е некоја моја лична карта“, рече Марко Слаткар во Бекстејџ.

Инаку, ако ги послушаме стиховите на оваа песна, тие одат вака: Горд сум на успехот, чале ми е домец. Немал ни мајка ни татко, рамо за плачење, совет. Поштен ко пошта, така не се станува човек.

Ми овозможи мастило, Бог дарба да бидам поет „Сине, не се нервирај, ќе биде подобро“ Го прашувам „кога“, ќути не го знае одговорот. Понекогаш сум среќен за мојот топол дом. Со Че го имаме она што никогаш го немал он. Веќе година дена фурам иста патика.

Дупка на ѓонот, пропушта вода, станува навика. Некад се дешава дома нема ни за храна Четири хиени pжат, сама жена плаче мама“.

Слаткар учествуваше во интервју на „Репортер.мк“ и проговори за лошите коментари кои се акумулираа откога ја извади својата нова песна.

-Не читам коментари веќе 12 години. Читам критики, критика е некој кога ќе ти каже нешто за да си болје. Музички или како и да е. Ама не можам да се тру јам, едноставно мислам дека тоа ќе ми направи проблем околу мојот вистински фокус.

Види, ако сакаш да се бавиш со јавна работа, мора да си јак материјал. Не можеш да си свила, мора да си кожа што не се кине. Едноставно, Владо Јаневски има многу убав стих за тоа.

„Луѓе се, нек си прозборат.“ Посебно јас, кој сум влезен во целава оваа прикаска, со критика према тоа што ми пречи, јас да забранувам некој да си каже тоа што му пречи.

Марко проговори и за своето детство, односно и за синот, како и што би му раскажувал за неговото тажно детство:

-Види јас кога ќе му кажам низ што сум прошол, него ќе му е научна фантастика. Исто ко мене што ми е научна фантастика животот што го прошол мојот татко.

Така да, верувам дека секоја генерација има подобра шанса и шанса каде што не треба да искуси сѐ, за да знае. Не знам што точно би му раскажал.

Би му раскажал дека тука порано имаше 50 деца и дека тука теравме, правевме, крадевме… Нѐ фатиле ама ни простиле.

За своите двајца браќа, Слаткар рече:

-Тој само момент каде што не можеш да дојдеш до израз. Ти помага во животот за многу други ствари. Некад и може јас не сум можел да дојдам и не ми се слушал гласот.

Јас верувам дека сѐ си е со причина. Исто, како што верувам дека јас ова не би го правел во животот кога не би го имал оној проблем со самиот говор. Јас не би почнал да пишувам ако сум знаел да зборам.

Мојот стил за пишување доаѓа баш од тоа. Јас не можам да го кажам тоа што го мислам, епа ај ќе го напишам. Тоа станува пракса и знаеш кога му е на човек тоа бастун во животот.

И знаеш после, кога тој бастун навикна да одиш на една нога, ти после на една нога можеш да скакаш. Верувам дека сѐ што ни се случува во животот, колку и да звучи и да делува тешко, тоа е нешто добро што нѐ очекува во иднина.

Како мал мислев дека Господ ме казнил, а сега сфаќам дека Господ ме погледнал, ме допрел. Сега не би го менувал за ништо.

Имам настапи со него (помалиот брат кој е ди-џеј). Постариот брат не е јавна фаца.

За бракот со Сања рече:

-Не е дека може да те смени тебе карактерно ама мора да те смени. Жените ни се овде баш да не менуваат. И ние ги менуваме нив ама во главно, сѐ е еден вид на перцепција, за некого сум сменет на болје.

„Кој го има главниот збор по дома, Сања, ти или Моша?“

-Моша. Палаво, бесно дете е. Моша личи вака физички на мене ама цел е на Сања. Ужас. Тој е златно дете ама е многу инат, пример на мајка му. Тој инат на мајка му ми пречи на мене во секојдневна комуникација ама па, јас сум среќен и јас сум бирал таков човек.

Едноставно сум го нашол тоа што сум го барал. Сања знаев уште првата недела дека ќе ми е жена.

Сања е Еврејка по мајка и они имаат кај нив во фамилија, седум варијации на тоа име: Мојсеј, Моша, Моше… И он е осми, тоа е некоја традиционална шема.