Naslovna Zivot Сашко Коцев во фустан- исплива необична слика од нашиот актер (ФОТО)

Сашко Коцев во фустан- исплива необична слика од нашиот актер (ФОТО)

Нашиот познат актер Сашко Коцев игра во многу претстави, во филмови и во ТВ серии, но познат е и како водител на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

„Првата година Бубамара ми беше предизвик и паметам кога му се јавив на Тони Михајловски со кој сме колеги. Тој ми рече дека ако промашам и не успеам соодветно да одговорам на предизвикот тоа ќе биде моја про паст.

Првите две-три години морам да кажам дека беше голем предизвик, а потоа ми стана вистинско задоволство. Едвај чекав да дојде 20-ти јануари или први февруари да почнеме да работиме.

Затоа што вие не знаете низ што сè поминуваме, низ какви к авги, низ какви циркуси во радио додека спремаме сценарио. Што сè се кажува и колку материјал фрламе.

Можам да кажам дека е сладок напор, односно слатко напорно задоволство што јас го работам, еве веќе по деветти пат“, кажа Сашко за fashionel.mk во една прилика.

Театарот е негова прва љубов уште од детство. Прв пат на сцена се нашол во второ одделение, како дел од училишната програма за патронат, каде заедно со свој другар подготвуваат една интересна точка што присутните во салата ги остава без зборови и изненадени.

„И после нормално веќе немаше патронат без мене, во средно во сите патронати и претстави за што се правеа играв главни улоги, а во театар играв како младинец.

Во професионалните претстави, актерите ми беа мошне наклонети, и сакам да изразам голема благодарност за поддршката, и професионалниот пристап на работата кој го осознав на даските што живот значат во Кумановски театар, кажал Сашко.

-Со работата како стануваш сè поуспешен и како сè повеќе се цениш себе си, различно почнуваш да реагираш на другите работи, на пример кога си обесправен или кога нешто не е за тебе, тоа доаѓа со самодовербата, а неа не можеш да ја направиш вештачка.

Значи, еве сега ќе излезам на сцена ќе бидам самоуверен и сите ќе треба да бидат на колена пред мене, но не, тоа се прави со текот на годините и со успешни дела.

Делата кажуваат за човекот, а јас имам уште многу проекти за заокружување, а можам тоа да го направам само со успешни претстави, стенд ап настапи и филмови“, кажал Сашко кој е и стенд ап комичар.

Еднаш отидов после претстава во радио и доживеав ко лапс, темп ература. Не беше вирусно, почнав бавно да трепкам не можев да зборам, веднаш легнав и 24 часа одмарав.

Откажав се, сите проби, претстави и радио, ама буквално сè. Јас мислев дека нема да ја истуркам Бубамара, затоа што во исто време подготвувам куп други работи.

Така што не знам, јас сум во добра кондиција, вежбам. Не вежбам за да станам билдер, ама вежбам сепак за да се одржувам и да изгледам убаво.

Среќа имам докторка по дома па, таа повеќе внимава не само на мојот режим на исхрана, туку и воопшто на она што јас го правам во текот на еден ден.

Внимавам многу, мојата сопруга ми е мој личен дизајнер, без неа не можам да купам ништо – малку бидејќи ми е сопруга, па е жири комисија, малку бидејќи таа навистина има чуден и префинет вкус и многу ми помага во изборот на вистинска комбинација.

Не знам дали мојот моден израз е директно поврзан со театарот, но морам да признаам дека најудобно се чувствувам во спортско-елегантен стил“, вели актерот.

„Не штедете, ако нешто ви се допадне „од прва“, бидете сигурни дека тоа е вашата интуиција и дека тоа е вашиот вкус и не слушајте сугестии, зашто и самите знаете дека се друго е компромис.

Компромис поради сопругата, поради продавачката, поради цената или некој друг, а на тој начин воопшто нема да бидете среќни. Тоа што ќе го купите секогаш носете го гордо!“, кажал за модата Сашко во Фешнел.

Токму една негова необична слика, во едно интересно и необично издание се поjави на Фејсбук профилот на Златна Бубамара на популарноста, а актерoт на оваа слика носи бел фустан, веројатно за потребите на некој скеч.