Naslovna Zivot Весна, свекрвата на Антониа Гиговска изгледа како девојче, убаво семејство (ФОТО)

Весна, свекрвата на Антониа Гиговска изгледа како девојче, убаво семејство (ФОТО)

Антониа Гиговска, сега е една од нашите најпопуларни пејачки, во последно време и инфлуенсерки.

Таа секогаш отворено зборувала и за својата линија, дека е голем гурман и дека си го сака своето тело какво што е. Антониа им порача на сите дами да се сакаат какви што се.

Пејачката успеа да ослабе 33 килограми, а тоа го стори со многу вежбање, и со специјален начин на исхрана. На оваа тема, таа зборуваше во Репортер.мк.

Навистина го сакав моето тело какво што е. Немаше посебен момент кога решив да ослабам. Седев дома и сфатив дека сакам да направам нешто со себе“, изјави пејачката.

Таа рече дека секојдневно комуницира со Калудија Адеми, познат бодикоуч од Шпанија која им помогнала и на Ана Бекута и на Инди да ослабат.

Таа ѝ помогнала со начин на исхрана и со вежби, и ѝ била најголемата мотивација да не се откажува. Исхраната на Антониа се сведувала повеќе на овошје и на зеленчук.

Антониа во една прилика објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Изгледа совршено, а и новата фризура- боја на коса одлично ѝ стои.

Анониа Гиговска беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жарко Димитриоски- Жаре и таму зборуваше на повеќе теми. Кажа како успеала да ослабе толку многу нутриционист килограми и тоа за само 50 дена.

Рече дека имала листа на забранети и дозволени јадења, а сега веќе се навикнала на новиот начин на исхрана и убаво се чувствува.

На изненадување на сите, младата пејачка откри дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка…

Имено, Гиговска сподели фотографија од ултразвукот и напиша неколку емотивни зборови…

„Долго време се криевме од вас, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа. Малечко мое, од сега секој роденден ќе го славиме заедно.

Среќен роденден на мене и погодете кој ќе стане мајка. Со душа те чекаме“ – стои во објавата на Антониа…

Покрај веста дека е во блажена состојба, Антониа откри и кој е таткото на бебето.

Тоа е музичарот кој е во нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски, со кого таа е во љубовна врска неколку месеци…

А, инаку, негов татко е музичарот Боби Спасенцовски, кој редовно настапува низ клубовите и е доста успешен со свирките. Боби се огласил за Женски Магазин и кажал дека е радосен што ќе биде дедо.

Кога ми ги соопштија убавите вести занемев од радост. Не знаев што да кажам на почеток, испушив една цигара, ми требаше време да ги средам емоциите.

Потоа ги гушнав, им честитав. Цел ден ни се јавуваат луѓе да ни честитаат, јас не знам што да кажам, збунети сме, и многу сме среќни.

И јас се оженив млад како и Роберт, на иста возраст, и мислам дека така и треба да биде, да оди по тој ред. И многу е подобро кога младите се решаваат да станат родители на помлади години.

Јас ќе бидам млад дедо, и како помлад ќе можам повеќе да го чувам внучето“, изјавил Спасенцовски кој има 47 години.

Вели дека со радост ќе запее на свадбата на синот и на снаата.

„Нема да дозволат децата свадбата да помоне без да запеам“, кажа Спасенцовски.

Антониа од Копаоник, каде што е на зимовање се огласи со убавата вест и ја покажа снимката од ултразвукот. На денот на нејзиниот роденден, нашата пејачка откри дека очекува принова.

Таа го покажа и прстенот, имено, Роберт ја запросил на ова познато туристичко место, и рече дека тој самиот го бирал ова парче накит за својата сакана.

Пејачот Боби Спасенцовски, кој е иден свекор на Антониа Гиговска е многу среќен што ќе стане дедо, а неговата сопруга Весна, баба.

Роберт, синот на Боби, пред речиси 3 години објавил фамилијарна слика со брат му, мајка му и татко му, на која го прославуваат роденденот на Боби.

На сликата може да се види сопругата Весна, идната свекрва на Антониа дека изгледа многу млада, како девојче, така што улогата на баба одлично ќе ѝ стои.

Оваа семејна фотографија, Антониа ја има „лајкнато“ пред 3 години, што значи дека оттогаш го познавала семејството на нејзиниот иден сопруг.