Марјан Николовски е новинар и уредник во Сител телевизија кој се истакнува со новинарски стории кои имаат еден поинаков пристап на промоција на дијалогот и афирмција на позитивни вредности при известувањето во поглед на меѓуверската толеранција и почит.
Важи за одличен познавач на политичките состојби особено на односите меѓу Македонија и Бугарија и еден од најдобрите познавачи на верските прашања меѓу македонските новинари.
Со текстовите на неговиот портал religija.mk, дава секогаш објективен приказ на состојбите во МПЦ, меѓуцрковните спорови, а беше особено активен изминатиот период, во разоткривање на сите задкулисни игри при доделувањето на Томосот од страна на СПЦ.
Тој е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во новинарство за 2021 година“, објави во една прилика Трилинг.мк
Тој често се дружи со своите колеги од ТВ Сител, за што сведочи една нефорална слика од ресторан која е објавена во декември минатата година.
Марјан беше кандидат за претседател на ЗНМ минатата година, а во тоа време, тој за Слободен печат изјави:
-Новинарската професија која некогаш беше гордост на ова општество сега можам слободно да кажам дека е на дното. Сакам слободно да искоментирам дека некои од колегите можеби и се срамат доколку на улица некој ги сретне и ги праша што работат.
Тоа е така бидејќи се почесто новинарите во земјава добиваат етикети дека сме платеници, дека немаме никаква моќ. Токму затоа велам дека дојдено е време за да се избориме оваа слика да ја промениме во очите на јавноста“, изјави Николовски.
-Поттикнат од една група на млади новинари во кои гледам енергија го прифатив предизвикот да им овозможам поголем простор и шанса да бидат дел од органите на ЗНМ.
За едно ЗНМ кое ќе биде обединувачко за сите новинари. Треба да се формира тимот и ЗНМ да биде структуирано и подинамично и гласно здружение“; изјави тогаш Марјан.
На овие избори поголемот дел од гласовите ги доби Младен Чадиковски, кој повторно беше избран за претседател, а во таа прилика, поддршка на Фејбсујк му даде колегатра од Сител, Валентин Тино Николоски.
Колегата Марјан Николовски ги загуби изборите за претседател на ЗНМ, но е зрел за политичар. Им покажа на вже штените партиски глави како треба да се однесуваат не само во победа, туку и во пораз!
П.С. Мацко капа доле и сега чувај дете“, стои во објавата на Валентин за својот колега. Марјан пак на овој начин му ја честиташе победата на противникот:
– Понудив визија, понудив идеја за модерно ЗНМ… Не успеавме… Но успеавме да мотивираме единство, успеав да мотивирам моќ… Освоив повеќе гласови од кој било претходно избран претседател на ЗНМ…
Не доволно…. Младен освои повеќе… и честитки… Тука сум за да од понеделник работиме заедно за сите мои идеи… ако има слух за тоа… Јас не се откажувам од идејата за модерно и моќно ЗНМ…
Прва иницијатива што ќе ја иницирам се статутарни измени за да следниот Претседател биде избран на модерен ефективен и брз наачин…
Нека денешниот ден биде последен на толку спор изборен процес… нека биде лекција…
Се што е помала бројка од денешната на следно изборно собрание ќе биде само пораз за ЗНМ… Честитки за извршната канцеларија…
П.с. Радмила Заревска ти благодарам за жртвата… за Лихнида и Паша ќе имаме повеќе време“, рекол Марјан за својата сопруга која и исто така познат новинар.
А таа, во една прилика има објавено слика со својот сопруг, кога добил важна новинарска награда, и раскажала колку е горда на својот сопруг, и ја раскажала нивната приказна.
-Новинарството не’ спои. Ги паметам првите муабети со него: “Ти си Заревска? Презимето нешто ми е познато. Внука си на Бранко Заревски?! Па, знаеш ли ти кој е тој?!”
И да не биде муабетов клише, дека е потребна пожртвуваност и многу искушенија … ваква награда за заслуги во новинарството мене ептен драга, особено што остава траен белег за идни генерации.
Тие што те познаваат, знаат и дека ти новинарство не само што работиш, туку и го живееш. Лепи, влезе у историја. Јас горда. А сега, да одмориме малце. И двајцата!, напишала Радмила за својот сопруг.