Naslovna Zivot Ова е целата вистина за љубовта и за свадбата на Мими од...

Ова е целата вистина за љубовта и за свадбата на Мими од „Ѕвездите на Гранд“ и на Филип- Еве што се случувало

Изминатово лето многу се пишуваше за свадбата на Мими Јовановска, убавата велешка пејачка која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ со Филип Нуневски, музичарот од Нуне брадрс.

Мими Јовановска од Велес го фрли жирито на „Звезде гранда“ во Белград во транс, откако ја испеа „Судбо моја“, и сите станаа на нозе да ѝ аплаудираат, пред две сезони во ова познато шоу.

Еден од коментарите кои што ќе се памети е оној на Вики Миљковиќ, која ѝ рече: „Мими ти си лек”.

Мими вели дека за еден од своите најуспешни настапи ја смета песната „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.

Мими вели дека од мала е навикната на естрадниот и музички живот. „Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител.

Мими и Филип Нуневски минатата изминатово лето имаа свадба како што напишавме погоре, за која наголемо се зборуваше, оти не само што беше весела, туку невестата пееше, а младоженецот свиреше.

Јавноста ги запозна Мими како ѕвезда на Гранд, а Филип пак е трубач на познатите „Нуне брадрас“. Сè уште под емоции од свадбената веселба велат: „Тоа беше посебен момент.

Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“. Тие заедно живеат две години. Затоа и немало адети да се зема невестата од дома, објави Репортер.

„Мими е од Велес, ама ние живееме заедно. Сакавме наједноставно за сите да направиме, оти на Мими родителите живеат во Шведска.

Па така немаше земање невеста, таа си беше дома и си ги чекаше гостите.

Сите се собравме фамилијарно и беше најубаво за сите. Интресно е што ние деновите пред свадба имавме настапи, па нашата беше само во редот на сите оние на кој настапуваме“, рекоа Мими и Филип за Репортер.

Но, Мими и Филип гостуваа во емисијата „Магазин“ на Тв Сител, и таму ја кажаа целата вистина. Тие во емисијата зборуваа за својата работа, но и за она што сите ги интересира, а тоа е свадбата.

-Ние ги почитуваме традициите, и ги сакаме, но свадбата тргна од местото каде што ние двајцата веќе две години заедно живееме. Немаше одење по невеста во Велес“, рече Мими.

Водителот на ова се пошегува дека ги избегнале патарините. „Со оглед на тоа дек Мими е од Велес, а две години живееме заедно во Скопје, немаше одење по невеста“, изјави Филип.

-Прво направивме веселба еден час со најблиските во нашиот дом, потоа во црква, а на крајот забавата продолжи во рестотранот“, откри Мими.

„Еве, сега последен пат за ова лето носам бело“, рече тазе невестата која инаку за во емисијата носеше бело фустанче.

Интересно е дека всушност, Мими и Филип настапувале на две други свадби, пред нивната. „Ние сме професионалци, и нашата свадба беше закажана една година однапред. Исто така свадбите на кои пеевме беа закажани однапред.

Нашата свадба беше во неделата, на 17 јули, а на 15 и на 16 пеевме на други две свадби. Тоа е момент кога ќе си речеш дека треба да си ја завршиш работата, а потоа се релаксираш и се фокусираш на твојата свадба.

Бевме спиени 2-3 часа, и нашата свадба беше супер. Однапред беше се подготвено,“ рече Нуне, а невестата на тоа се надворза. „Невестата не беше спиена ич“, откри Мими на Сител.