Naslovna Zivot Ноне го покажа татко си- изгледа како дечко, еве колку години наполнил...

Ноне го покажа татко си- изгледа како дечко, еве колку години наполнил (ФОТО)

Убавата пејачка која остана запаметена по нејзиното учество во регионалинот музички натрпевар „Идол“, Ноне Неделковска, минатата година се врати во Македонија, на одмор.

Потоа, таа замина повторно на местото каде што рабпти повеќе од 10 години, на бродови кои крстарат на повеќе дестинации,а Ноне работи во фришоп како менаџер.

Публиката на „Пиволенд“ на Плоштадот Македонија со аплауз ја поздравила во септември минатата година, додека седела на едно од ВИП местата со пријатели.

Водителот на настанот Димитар Атанасовски меѓу првите ја забележал и ја поздравил пред публиката, а ова тогаш го објавиле во Женски магазин.

Ме изненади кога Димитар ме поздрави. Ќе пропаднев во земја, непријатно ми беше“, рекла Ноне. Ја прашале за тој феномен, како кај публиката и во медиумите е уште актуелна, а долго време не се занимава професионално со музика.

-Не знам, често се чудам и јас како ме паметат луѓето. Немам планови да ѝ се вратам на музиката засега. Дојдов дома, во Велес, да одморам, и за еден месец се враќам на брод. Ќе одиме на Карибите“, рекла Ноне.

-Работам на брод како советник за убавина во фришоп. Првпат заминав во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик.

Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот. Сакав промени, затоа се одлучив да заминам.

Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков – и што по ова!?

Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!? Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања.

Слушај и читај зл и коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап. Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, раскажала таа претходно.

Пејачката често знае да споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм. „Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне во една прилика.

Таа се сликаше по гра дник и ги заскокотка своите фанови кои ја лајкнуваа и ѝ ги коментираа сликите:

„Прекрасна си“, „Немам коментар“, беа едни од нив. До сликите, Ноне порача:

„Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно.“

Ноне во неколлу наврати ја има покажано својата мајка, и се гледа дека таа многу личи на неа, тоест дека е како што велат плу кната мама.

Но, сега за првпат го покажа татко си, ој изгледа доста младолико.

Ноне објави слика како го бакнува татко си и напиша: Татко ми, 63, стои во нејзината објава.