Агнеса Органџиева во интервју за Гламур.мк зборуваше за тоа какви мажи може да ја освојат, но откри и многу детали од приватниот живот, за кои досега нема зборувано.
На прашањето дали Агнеса е вљубена, таа одоговори дека сѐ уште го чека вистинскиот, но откри и какви мажи би можеле да ја привлечат.
-Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат, па се рушат.
-Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам, помагам.
Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни.
Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат.
Во интервју за Бекстејџ, таа рече дека кога оди на ,,дејт” или вечера важно е никогаш да не се става ташната на маса, тоа е бон-тон правило.
-Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја. Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса.
– Кога е во прашање ваква вечера, сум приметила многу девојки дотерани, убаво средени, нарачуваат пиво. Тој момент не го сакам.
Сепак, може да се порача вино, и некој добар коктел, а пивото може да го остави дома, не ми е дамски“, рече Агнеса, а потоа го коментираше трендот во Скопје- да се излегува во тренерки.
-Да, ми смета. Се знае тренерки каде се носат, во парк, на Водно, на патување кога одиш, да се чувствуваш комотно, еве ќе речеме – ќе го спомнам последниот ИНВЕНТ на кој што бев поканета, на „Винедонија“.
Значи јас бев облечена во фустан, елегантен, нормален, и кога влегов девојките стварно беа шокирани како јас сум се облекла.
Едноставно треба да знаете на такви инвенти како треба да делува една дама, а не да си во обични панталони и кошула. Јас сум секогаш искрена и мислам дека тоа се гледа“, рече Агнеса.
Потоа коментираше дали има џентлмени во Скопје.
-Во Скопје ги има, треба да се најдат мислам дека се кријат, а мислам дека самата жена треба да го поттикне спротивниот пол да биде џентлмен.
Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.
И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања, не.
Агнеса последниов период има нов „занает“, професија – инфлуенсерство.
Органџиева се приклучи во семејството на многу жени во светот и неколку кај нас, кои од својата убавина, преку рекламирање на прозиводи, успеваат да заработуваат добри пари преку социјалните мрежи.
Храна, чевли, облека, козметика – додека седите лежејќи во удобна фотелја или среќно шетате во природа, некои од производите се изборен дел од нивната придружба.
Колку и да изгледа зборот инфлуенсер како нематеријален, денес тие заработуваат многу повеќе од луѓе кои се занимаваат со други професии.
Агнеса на Инстаграм брои повеќе од 100 илјади следбеници, и речиси сите објави ѝ се „спонозрски“ тоест речиси на секоја таа рекламра или модни додатоци, чанти, чевли, козметика, угостителски објекти.
На Агнеса очигледно дека ѝ тргна инфлуенсерскиот бизнис и топ заработува.
Агнеса на поновите слика кои ги објавува се забележува дека е доста ослабена последниве месеци. Особено тоа се забележува во пределот на струкот кој ѝ е доста стеснет, но и кај колковите е поширока, а нозете ѝ се слаби.
Сепак иако можеме да ја забележиме само трансформацијата, очигледно Агнеса напорно работела за да го добие посакуваниот изглед.
Нема кој не ја забележа промената на Агнеса колку ослабела и се стегнала. Но, сепак нашата инфлуенсерка остана реална и неодамна покажа дека зад вакво тело стои многу потење и труд, кој не бил лесен.
Таа на Инста стори објави видео како вежба во теретана со тежина, а ја снимаше и ја бодреше нејзиниот тренер.
На видеото кое Агнеса го објави, таа пробува да ги крене нозете во вис, но не може, по напорниот тренинг, а таа му вели на тренерот кој ја тера да проба: „Нејќе, нејќе, не иде“.