Naslovna Zivot Најјакиот статус за Денот на вљубените: Ви ги замишљам тие млади жени...

Најјакиот статус за Денот на вљубените: Ви ги замишљам тие млади жени над 25 што им поклањате мечиња

Постојат различни теории за потеклото на Свети Валентин, но најпопуларната теорија е од времето на Римската империја за време на владеењето на Клавдиј II, во 270 година од нашата ера.

Денот на вљубените, Свети Валентин се слави на 14 февруари и е еден од датумите што го слават Католичката и Протестантската црква, додека Православната црква на овој ден го слави Свети Трифун, заштитникот на лозјата.

Официјално не е утврдено кој бил Валентин, поточно имало тројца мач еници со името Валентин.

Меѓутоа, најчесто се претпоставува дека тоа е вљубените од времето на Римската империја за време на владеењето на Клавдиј II, во 270 година од нашата ера.

Додека бил во зат вор, Валентин напишал љубовно писмо на ќерката на чуварот, а на крајот од писмото пишувало „од твојот Валентин“.

Многумина веруваат дека симболот X стана синоним за бакнеж во средниот век. Оние кои не можеа да се потпишат, наместо потпис би напишале Х. Потоа би го бакнувале нивниот „потпис“ во знак на искреност.

Иако Свети Валентин е католички празник, како Ден на вљубените почна да се празнува и кај нас. Инаку истиот ден се празнува Свети маче ник Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.

Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и си замина на 21-годишна возраст.

Но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите“, вели приказната за Свети Трифун.

Еден од оние кои раскажал интересна приказна е Зоки Бејбе, вистински пионер на македонската клупска сцена, култен диџеј, музички новинар, но и вљубеник во добра храна, позитивни луѓе со отворен ум и креативна мисла.

Повеќе од 25 години е дел од македонскиот ноќен живот и секогаш дава несебична поддршка на сите нови луѓе кои сакаат да работат и да творат“, напиша Портрет во една прилика.

-Во моето детство неколку работи имаа клучна улога во мојата љубов кон музиката. Радиото е првата, кое постојано емитуваше добра музика. Слушав сѐ, од поп до сите други музички форми што се емитуваа на трите канали на македонското радио.

Бев вљубен во музичките програми на телевизија и сеопфатно бев страстен околу сѐ што подразбира музичко шоу.

Истовремено, моите родители имаа навика да слушаме плочи и купуваме редовно во тогашните плочари кои ги сакав повеќе од кој било јавен простор.

Кога ќе кажеше татко ми утре одиме во „Југотон“ јас не спиев од среќа. Прво, во 1991 година станав радиоводител и уредник на емисии во првото приватно радио Канал 4, па потоа во 1993 година почнав со работа во Канал 103 од неговото оформување и неговата прва редакција.

Потоа следуваше мојата телевизиска емисија „Поплава“ на А1 телевизија и за да можат младите читатели поубаво да разберат, тоа беше магазин што се емитуваше на национална телевизија пред интернет-ерата.

Нешто како сега да правите емисија што оди и на „Инстаграм“ и на „Тикток“ заедно. Популарноста не само на мојата емисија туку и на сите други по концепт различни музички програми беа меѓу најгледаните воопшто во ТВ-етерот.

Во мојата емисија ја третирав клупската култура, буквално од првата журка што се случи во Македонија. Пред тоа ги покривав сите алтернативни настани, како работата и првиот фестивал на Канал 103 или документарецот за легендарниот „Т фестивал“.

Во 1996 година се отвори клубот „Дали“ и на инсистирање на моите другари и другарки станав диџеј.

Тие сакаа музиката што ја колекционирав на винили и цедеа да ја слушаат во клуб.

И така веќе 25 години мојот живот е журка овде, но и по свето“; изјавил тој за Портрет, а инаку се правото име му е Зоран Ристевски, и тој има напишано едне кај статус за празникот на 14 февруари.

-Пак е секој излог преполн со плишани мечки за Валентајново. Пак ви ги замишљам тие млади жени над 25 што им поклањате мечиња како викаат: Бебооо ти си мечка не ова плишаниве играчки“.