Миле Китиќ, пејачот која својата кариера ја започнал кон крајот на деведесеттите години и ден денес е популарен на естрадата. Тој е во брак со пејачката Марта Савиќ, со која ја имаат ќерката Елена.
Пејачот има низа хитови кои сите ги сакаат и пејат, но сепак никој не знае кое е неговото вистинско име. Она што е исто така интересно е дека е роден на 1. јанураи, односно на Нова Година, а неговото вистинско име е Милојко.
Веруваме дека многумина тоа не го знаеле. Пејачката Марта Савиќ, сопругата на Миле Китиќ, била сведок на општинско венчавање на еден естраден пар, продуцентот Мирко Гавриќ и Драгана Ракчевиќ.
Марта Савиќ, фолкерката која му е сопруга на Миле Китиќ, ја доби честа да биде кума на свадбата на продуцентот на Гранд, Мирко Гавриќ и неговата избраничка, пејачката Дргана Ракчевиќ.
Марта иако беше кума, направи скандал и замалку ќе ја расипеше цела церемонија, бидејќи како што вели ја заборавила дома личната карта.
„Доцнев на свадбата, ја загубив личната карта од паника, а како да ги венчаме младите без лична карта. Се беше од возбуда, ја држев во рака и ја снема“, рече пејачката.
За среќа, таа ја нашла личната карта и свадбата поминала во најдобар ред.
Миле Китиќ и Марта Савиќ воопшто не се штеделе, па за секој член од семејството во нивниот дом направиле по еден спрат.
Има и внатрешен базен кој само со допир на едно копче може да биде надворешен.
„Различно е кога човек го ужива во луксуз на готово, а различно е кога за тој лускуз мора да се потрудите. Полека и чекор по чекор средив сама, секој детал во домот сама го купив и наместив.
Ништо од ова не е паднато од небо. Некогаш ми е тешко бидејќи сакам сама да се грижам за оваа куќа и поради тоа сум горда на себе, изјави Марта во една прилика и додава:
Секој дом треба да личи на газдата, многумина мои пријатели ми се јавуваат за да им помогнам кога уредуваат стан или куќа.
Мислам дека е голема грешка што не почнав да ја работам таа работа, вели пејачката.
Елена, ќерката на Миле и Марта започна музичка кариера, но во различен правец од нејзините родители.
Фолкерот Миле Китиќ (71) често знае да ги изненади сите со комбинации на облека, а сега позираше без кошула и покажа како изгледа во осмата деценија.
Пејачот и неговата сопруга Марта Савиќ поседуваат луксузен имот на рајскиот остров, а сега тој одлучи да и се придружи. Фотографијата на Миле во костим за капење особено ги воодушеви неговите следбеници.
„Помлад изглчедаш на 70 од мене на 20“, „сите луѓе стареат, а Миле Китиќ се помладуваа“, „ти уживаш“, се само дел од коментарите.
Инаку, Марта Савиќ неодамна го пофали својот сопруг и откри дека ќе и се придружи во Доминиканската Република, што тој го направи.
„Прв пат доаѓа овде, во Доминиканската Република, чекаше е да завршам се со мајсторите и сите проблеми, а сега треба само да дојде да ужива.
Не му се допадна тоа што мора да патува толку долго, многу патува, но успеав да го убедам и се надевам дека ќе му се допадне исто како мене.
Треба малку да се одмори, сака да работи, но мислам дека сега е време да се опушти малку и малку уживај“, рече Марта пред да дојде Миле кај неа, а пред тоа долго беа разделени.
Но, и покрај тоа што не беа заедно, нивната врска добро функционираше и тие двајца се сега пак среќни на ова место, пак се заедно.