Naslovna Zivot Лила: Нека се засрамат тие што лежат и чекаат 100 денари од...

Лила: Нека се засрамат тие што лежат и чекаат 100 денари од родителите

Лила Стојановска, екс Филиповска е најпознатата македонска инфлуенсерка. Лила, празно, празно, празно место, па сите останати…

Зошто е тоа така, па едноставно, затоа што Лила има преку 200 илјади следбеници на Инстаграм. Бројките кажуваат се. А кога е некој толку популарен, интересот за неговиот приватен живот е десет пати поголем.

Лила Стојановска неодамна во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Сѐ или нешто“.

Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени „тролања“. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле „Господар на прстените“, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.

Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелигентен хумор, и кога на тој начин ме „тролаат“ ми се слатки, знаеш,“ откри Лила.

Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разу лавена: „Кој ти кажа?“ Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна… Во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот.

Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

Лила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но еден нејзин статус е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата, за среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:

– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. Да не ви зависи од никого и од ништо.

Очекувањата нѐ прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што не оптеретува…

Истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….

Лила во новото издание „Се или нешто“ разговараше со натпреварувачот Слаѓан кој ја играше играта на квизот. Како и во секое издание на оваа емисија, таа си муабети со кандидатите пред да ги отворат кутиите.

Овој пат, таа зборуваше за работата на натпреварувачот, но и за тоа што работи тој хонорарно. Тој ѝ рече дека помага на мајстори кои лепат плочки, и тоа му е работа плус.

-Не треба да се срамиш од никаква работа“, рече натпреварувачот, а Лила на ова одговори: Таман работа, од никаква работа човек не треба да се срами.

Нека се засрамат тие што лежат и чекаат 100 денари од родителите“, кажа Лила, а потоа го повика банкарот да му даде понуда на Слаѓан.