Naslovna Zivot Јанко „Јади Бурек“: Перо Камиказо и драг cоставу Мемоpија – длабоко се...

Јанко „Јади Бурек“: Перо Камиказо и драг cоставу Мемоpија – длабоко се извинувам за тоа што го кажав

Доблесен човек знае да згреши, но знае и да се извини. Токму тоа доцна синоќа го направи познатиот водител Јанко Илковски:

„ДРАГ СОСТАВУ МЕМОРИЈА, ПРЕО КАМИКАЗА И СИТЕ ОД БЕНДОТ.

ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ ДЛАБОКО ЗА КАЖАНОТО ОД МОЈА СТРАНА ВО ЕМИСИЈАТА. МНОГУ ЖАЛАМ ЗАТОА ШТО ВЕ НАВРЕДИВ. НЕМАВ НАМЕРА, НИТУ СУМ СМЕНИЛ СТАВ СПРЕМА ВАС, КОЈ ОСТАНАЛ ИСТИ СО ДЕЦЕНИИ – ДЕКА СЕКОГАШ СУМ ДАВАЛ И ЌЕ ДАВАМ ПОДДРШКА НА СОСТАВОТ МЕМОРИЈА.

Каде се заев ав и како … са танизам … е да … објаснување што се случи.

Имено се јави едно младо дете – момче, нешто кажа, рече бубњар, го прашав има ли видео на јутјуб ми кажа и пребарав најдов некоја музичка школа каде млади деца свират металика, Rејџ агејнст итн итн … и пуштив.

Лично ми се допаднаа и ги поздравив и поддржав. Веднаш потоа ми се јави еден од редовните (никој и ништо) со зборови дека тоа било неморал сатанизам, деца без вредности, јас се изнервирав ( веќе и крај на емисија) и го прашав што па за него е е музичка вредност ако не се децава и таа музика како Ниравана, Грин деј итн итн …

секако, бев убеден дека ниту слуша ниту се разбира на музика ниту пак бил на концерт и знаев дека сум во право оние неписмени квази наци моралисти…

Секако бев спремен што и да каже да му идам контра оти знам кој е и дека намерно ќе лаже … рече Меморија била со високи вредности уметнички и национални.

Јас тогаш го прашав каква врска има Меморија со национални вредности … во смисла да го откачам оти не му верувам дека и случа музика, но и да укажам дека МЕМОРИЈА за мене, биле секогаш (еден од најдобрите) поп бендови.

Нејсе, мислев дека алудира на нивниот кавер Македонија од Дадо Топич ама не се дообјаснив, остана да виси, иако немав во глава дека моите заборови звучат омаловажувачки и навредливо.

Немав намера, а ниту такво мислење за Меморија, цел фокус ми беше да го омаловажам јавувачот кој јадеше бурек за децата.

Нејсе, лошо се изразив, испадна многу навредливо, многу луѓе се јавиле кај Перо биле страшно револтирани, биле гневни, со многу пизма со многу агресија …

Жалам, тоа е, јас еве повторно и повторно јавно се извинувам и искрено ми е жал, не беше намерно се обидов да објаснам како и зошто испадна така (да спомнеше било кој друг бенд исто ќе реагирав најверојатно, бидејќи навистина бев изваден од такт затоа што децата ги омаловажи.

На крај ја пуштив Нена како нивни најголем (по мене) интернационален хит ама и тоа испадна во лош контекст.

Искрено многу ми е жал, си изедов бурек, намерно или не, еве ви нов објект за фокусирање хејт и со право.

ПС не постои друга емисија, лична нечија во која повеќе е пуштана Меморија и ќе биде. Како и медиумско извинување на ТВ, утре цела вечер ќе ја посветам на МЕМОРИЈА со пуштање нивни песни концерти итаканатаму.

Не треба да ме аболицирате, жалам ако со едно мое лошо срочено искажување некој навистина поверувал дека имам лошо и понижувачко мислење за Меморија, освен што барам искрено да ми простите но, ок , прифаќам се што мислите.

ппс Перо сепак одлучив да ја избришам емисијата. Нема да стои оти знам како е кај нас, не важи ни извини ни објаснување едноставно распнување, кое е во право, овој пат.

Се осеќам лошо поради ова, особено што јас кариера не градам ни сакам да градам со омаловажување на нешто како Меморија после толку поддршка … .уште едно извинете.

Ќе се обидам да поправам како знам и умеам“, напиша познатиот водител, Јанко Илковски на својот профил на социјалните мрежи.