Naslovna Zivot Игор Џамбазов раскажа интересна приказна: Никогаш не се расправај со глупави луѓе-...

Игор Џамбазов раскажа интересна приказна: Никогаш не се расправај со глупави луѓе- точно објасни и зошто

Новиот мал рај на нашиот познат актер Игор Џамбазов сега е е селото Стрезовце, во близина на Куманово, каде што претстојува во моментов.

Во брвнарата во која ги поминува деновите, Игор Џамбазов вели дека се вљубил на прв поглед, како и во целата околина во која го наоѓа својот мир.

За жал, Игор веќе не е со неговата голема љубов, алпинистката и уметник Илина Арсова.

За крајот на нивната љубов, Игор за првпат зборува во „Слободен печат“, и вели дека виновник едноставно не постои.

-Во Дојран живеам, а во Скопје работам. Бидејќи во Скопје ги завршив своите обврски, а куќата во Дојран ги чека пролетта и мајсторите, се одлучив да побарам место на кое досега не сум бил, и да „искулирам“ малку, што би рекле младиве.

И од прва го најдов, сосема случајно. И што да ви кажам, љубов на прв поглед. Сместен сум во брвнарата Младеновски, пркрасен мал ранч, во сопственост на Лилјана и Стефан, двајца млади луѓе со неверојатна визија и храброст во бизнисот.

На само еден километар се наоѓаат и изворите на познатата вода Визиана, со рибен ресторан, парк, Зоолошка градина. Топло ви го препорачувам Стрезовце и оваа брвнара.

На само 45 минути од главниот град“, рекол Џамбазов во Слободен печат, а за врската со нашата позната планинарка Илина Арсова која пед половина година замина во Америка, рекол:

-За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави ушт во првите денови на нашата љубов.

Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена“.

-Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе.

Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат… Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија“, рекол Игор во едно интервју за Фешнел, а потоа додал:

-Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот. Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните 20 години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек.

Не сум се гледал себеси во модата. Инаку, мислам дека не постои нормален човек на кој не му е пријатно кога е убаво облечен. Не верувам дека постои таков…

Па дури и ние мажите што не се грижиме за тоа како изгледаме. Не секогаш, но во повеќето случаи…За разлика од вас жените, на кои ви е важно како изгледате и во лифт, гранапчето долу, па и на забар..

Ние бираме неколку поводи годишно за кои знаеме дека мора да изгледаме добро – на Нова година, роденден, на годишнина од брак, врска… Тоа се десетина поводи и јас во последно време дури и на тие не водев сметка како изгледам.

-Ако се смета дека сто години е човечкиот живот, оној убавиот, да речеме дека во 51-вата влегуваш во второто полувреме… Па има некаква мудрост, за која и пред малку зборувавме, искуство што сум го стекнал со години – во работата, во животот…

Ништо повеќе не може да ме изненади, подготвен сум на сè, од секого… Сите табуа се скршени, сите ко мплекси излечени…

Убаво е да се живее во 50-тите години од животот, но мене ми се случува сега, како што влегувам во второто полувреме, шестата деценија од животот, да ми недостасуваат тие некои убави приказни од минатото, цели едни друштва…

Да ми недостасуваат жени, случки, можеби таа носталгија за младоста, за убавото време, пријателства.. Можеби тоа е она што ми недостасува сега, но во шестата деценија од животот си го наоѓаш својот целосен мир.

Веројатно така и си ги продолжуваш животот. Кај мажите не почитувам ништо. Навистина ние сме од друга планета, а вие од друга.

Особено денес, „обичните“ македонски мажи, секојдневните личат еден на друг, како јајце на јајце. За нив животот е завршен кога ќе се роди второто дете, почнуваат да пуштаат мев. Сум го пуштил и јас, но од сосема други причини.

Македонските мажи колку и да сакаат да го избегнат тоа, сепак се Балканци, во највулгарната смисла на зборот. И мене ме радува што вакви работи, како мојата книга, допираат и до најра дикалните примероци“, изјавил Џамбазов.

Тој скеогаш, а особено во последно време споделува мудси мисли на Инстаграм, а оваа поракакога сега ја споделил е доста интересна и вели:

-Никогаш не се расправај со глупави луѓе, тие ќе те повлечат надолу до нивното ниво, и ќе те победат со искуство“, е цитатот од Марк Твен кој го споделил Игор на стори на Инста.