Naslovna Zivot Еве кога Михаил треба да заќути пред Татјана – Тања искрено раскажа...

Еве кога Михаил треба да заќути пред Татјана – Тања искрено раскажа за нејзина страна која не ја знаеме

Татјана Стојановска повозрасните ја паметат и како Мис на Македонија за 1992 година и успешен модел, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало од тогаш.

Зад камерите е мајка е на Матеј кој има веќе 25 години и љубов на Михаил Китаноски со кого е во врска повеќе од 10 години.

Секогаш средена, елегантна, жена која држи до себе и ја негува правилната дикција пред ТВ камерите, тоа се нештата по кои ја препознаваме.

Со Тања има муабети за повеќе од едно интервју, а во едно кое го даде за Женски магазин, се откри и нејзината помалку позната страна, приватната.

Моето прво професионално телевизиско појавување беше 1992 година како презентер на најава на програма во МТВ, што беше дел од обуката за младите идни водители и презентери во тоа време во Македонска телевизија.

Покрај обуката што ја имавме за читање, вежбање на дикцијата, интонацијата, правоговорот, однесување пред камера, и појавувањето во живо беше дел од таа обука.

Најавата на програма беше еден вид “расадник” на нови ликови кои потоа го најдовме патот во професијата. Секако дека тремата беше составен дел од првиот настап, но сето тоа со секој нареден настап се надминуваше и се учев како да ја амортизирам и да ја надвладеам тремата.

Иако не бев свесна во тој момент за тоа, но ете на некој начин моето појавување во телевизиско интервју во МТВ по повод изборот на Мис и добивањето на титулата Мис на Македонија за 1992 беше пресуден за да ја добијам понудата за хонорарен работник во МТВ.

Почнав во најава за програма, потоа водител во утринската на МТВ, „Добро утро Македонијо“, а по три години и понуда за презентер на вести, што во тој момент можеби и не мислев дека ќе ми биде професија до ден денеска“; рекла Татјана во ова интервју.

Татјана на широко за својот партнер Михаил, кој е маркетинг консултант зборуваше во „Еден на Еден“ со Жаре во една прилика. Потоа следуваше реченица која на Татјана ѝ предизвика силни емоции.

– Драга Тања, сакам да ти се заблагодарам за балансот што го правиш во потесното и во поширокот семејство, во секојдневието, во секој момент, бидејќи тоа претставува еден клучен фактор за стабилност и за мир.

Меѓудругото, за истото, многу те почитувам и те сакам“, рече Михаил во пораката која ѝ ја испрати. Додека го гледаше видеото, на Тања ѝ навреа солзи на очите и за малку ќе заплачеше.

– Ееее, и јас те сакам! Да, да тој секогаш вика, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам…

Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.

Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно.

Тој по потреба, јас по потреба, Па, тука и се согласуваме, со истиве работи, со исти вредности, со исти ставови за животот…

Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…

Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист“, рекла Татјана, а потоа Миахил ја изненадил со видео во кое зборувал каква е Тања кога е лута.

Јавноста, секогаш ја доживува како смирена и сталожена.

-Каква е Тања кога е лута? Тоа многу ретко се случува и кратко трае. Меѓутоа, кога е така, јас гледам да закажам предавање.

На Гренланд. И таму е се океј. На Гренланд“, рече Михаил за својата партнерка. На ова Тања, на многу интересен начин му одгововори.

– Епа, нема подалеку. Да, така е. Си знае Михаил, ме има научено. Не ме чепкај додека не ми помине лутината, ама навистина брзо ми поминува. Јас кога сум лута се објаснувам, да му објаснам на тој зошто сум лута.

Јас се објаснувам, аргументирам. Сега, тој треба да е тука, значи умен соговорникот, да заќути, да ме сослуша и ќе ми помине. Може и да ми опонира, ама важно јас да си се искажам.

Ако има после дискусија од типот: Не сум во право, ќе се најдеме, ама работава е прво јас да си го кажам тоа. “, рече Тања.