Дарио ќе одржи концерти ви Филхармонија во Скопје, на 17 и на 18 февруари, и со тоа овој наш познат пејач одбележува 40 години од својата кариера.
Во пресрет на славење на 40 годишнината од својата кариера, за Дарио Панковски може да се каже дека е среќен човек. Кариера која трае толку долго, стабилен брак и семејство.
Иако вели дека не го сака лажниот сјај на социјалните мрежи, активен е повремено, само кога има нешто да каже.
А, има голема порака во една од песните „Какви се ова времиња“, која се промовира во вистинско време и на искрен начин го опишува времето во кое живееме.
Кај соговорник како Дарио нема маска ниту приказни од околу, тој е отворен и директен“, објави минатата година Женски магазин, а Дарио во таа прилика изјави:
– Постоеше едно не премногу далечно време кога се’ беше многу поедноставно, но многу, многу поразлично, поубаво, почисто и вистински среќно.
Но ова го знаат само оние кои тоа го почувствувале, го вкусиле, го помирисале и го живееле со полни гради, а ваквите спомени се ексклузивна, моќна и неуништлива привилегија само за нив.
Верувале или не, но ако внимателно се слуша, сето ова се препознава во само три строфи и рефрен од новата песна, која е всушност химна на неколку генерации.
Што се однесува до личната карта на песната, музиката и текстот се мои, аранжманот на Кристијан Габроски, а видео продукцијата е на Александар -Ристoвски Принц, кажал Дарио, и додал:
-Најдраги се спомените на тој мегаломански елан, ентузијазам, желба и вооодушевеност дека создаваш нешто свое и оригинално, нешто што луѓето ќе го слушаат, ќе го сакаат и што можеби ќе остане многу долго.
Сакавме да правиме некои нови револуционерни работи во музиката, да го смениме светот…и добро ни одеше. За моја среќа, имам премногу незаборавни случки во кариерата, но немеме доволно простор ни за дел од нив“.
Бекстејџ направи интервју со Дарио неодамна, и во ова интервју за се зборуваше за неговата плодна кариера од 40 години. Исто така, се спомена и цената на билетите за концертите.
-Зошто еден македонски изведувач не може да има висока цена кога се билетите во прашање, а од соседите не им е проблем да платат која и да е цената и дупло поголема од таа којашто ја имате вие?“, го праша водителот Дарио.
На ова Дарио одговори: Ова прашање е последнователно за почитување на македонската музика. Самите луѓе овде им е премногу да платат за уметник кој 40 години се труди, работи и создава песни и хитови.
И скапа е картата според некои луѓе. Но, не е скапа за колегиве од соседтвото, кои се плус во турбо фолк фазон и кои чинат по 3-4 или 5 пати повеќе отколку јас што ќе чинам на овој концерт.
Мислам дека е апсурд, подобро да не давам коментари. Секој си има свое мислење, јас го почитувам, на овој на кој му е скапо нека седи дома и нека ја слуша музиката, оној кој ќе испочитува и ќе дојде, јас ќе му возвратам десет пати повеќе“, одговорил Дарио.
По оваа негова изјава која била пренесена во медиумите, се појавија доста негативни, но и доста позтитивни коментари за Дарио, а тој го искоментира во во едно интервју.
-Луѓето се желни за МУЗИКА, вистинска музика во која има текст, порака, емоција, естетика и рефрени за масовно пеење кои остануваат да живеат со децении.
Таква музика во земјава се правеше интензивно пред две-три децении, кога речиси секоја недела се промовираше по еден вистински мегахит.
Јас ја имав таа среќа да бидам еден дел од тој полетен музички период полн со ентузијазам, неповторлива креативност и зачудувачка инспирација на авторите, јас најискрено ѝ се заблагодарувам на мојата публика“, рекол Дарио за Слободен печат, а потоа додал:
-Не сум воопшто зависник од социјалните мрежи, ги користам официјално само во функција на моите музички активности.
Што се однесува, пак, до медиумите на социјалните мрежи, страшно ме иритира тоа што гледам дека денес секој смее да си дозволи тенденциозно да извади нечии зборови од контекст и да стави скан далозен ирити рачки наслов..
кој потоа нанесува штета и предизвикува – како што вели мојата песна „зборови отр овни се како стр ашни шумски пожари“ – негативни коментари, па дури и говор на омр аза и сето тоа само поради тие пусти „кликови“.
Извинете, можеби сум јас „old school“ (стара школа), но тоа за мене воопшто не е нормално и нека им служи на чест!“, изјавил за Слободен печат Дарио, а инаку билетите за концертите чимат 1200 и 1500 денари.