Адријана Алачки во проектот на Тв „Алфа“ со кој сними многу емисии, зготви стотици македонски традиционални рецепти, а нејзин заштитен знак стана она: мх, мх, мх, откако ќе го проба зготвеното јадење.
Сега, таа ја води емисијита Везилка, со која го откриваат нашето народно творештво и гастрономско богатство, заедно со Благоја Грујовски и Ирена Спировска и шетаат секаде низ Македонија.
Адријана Алачки по професија е стоматолог, ја запознавме како пејачка на фолк-музика, а изминативе 12 години таа е Адријана Алачки од „Вкусот на традицијата“. Готвењето вели, од секогаш било нејзина пасија.
Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија.
Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал.
Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети.
„Вкусот на традицијата“ од самиот почеток е поврзана со „Алфа телевизија“, веќе полни 12 години.
Снимени се многу емисии како рецепти на денот, а исто така и истражување на кујната на другите народи и презентација на македонската кујна во Тајван, Австралија, Бразил, Америка, Турција, Словенија, Италија и Франција и Обединетите Арапски Емирати.
Тремата беше присутна само како доза на одговорност, но благодарение на долгогодишното искуство пред камерите, мојот режисер
Христијан Јорданов – Кизо немаше никаков проблем во текот на првата емисија која беше вовед во проектот, а се снимаше во комплексот „Етно село Тимчевски“.
Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач.
Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот3, изјави таа вои една прилика.
Во Машки магазин, Адријана зборувала за многу теми а најмногу за мажите и за машко-женските релации, и таа во оваа прилика изјавила:
-Никогаш не би можела да одолеам на маж со високи умствени квалитети. Физичкиот изглед е нешто со што се соочуваш на првичната средба.
Се запознаваш, го меморираш ликот (кој по извесно време можеби и ќе го заборавиш) и толку, доколку не постои конверзација која притоа ќе ве остави без здив и ќе ве натера суптилно да се досетите на некој негов збор, мисла, однесување…
Тоа ќе ви предизвика восхит и мажот ќе го запомните преку чувствата што ви ги создал во тој миг, а не по ликот.
Затоа за мене тоа е многу важно, ликот да му е во хармонија со однесувањето и зборувањето.
Го паметам филмот со Мерилин Монро каде што главната поента беше „никој не е совршен“ и непостојат правила за совршен маж и жена – да, токму така – несовршеното во еден маж може да го направи најпосакуван и неодолив.
Сите се менуваме, но умствените квалитети и моќта на цврстиот карактер е нешто што нема рок на траење, тоа го отсликува и е негов траен белег.
Жалам воопштено кога луѓето ги донесуваат своите проценки исклучиво базирани на физичкиот изглед, тој никогаш неможе да нѐ дефинира во потполност.
Ми се допаѓаат следните особини кај мажот: кога има домашно воспитување, смиреност, неподводливост, стабилност, мудрост,трпение, хумор, емпатија и неговите постапки, кога всушност го дефинираат како личност.
Кратко и јасно – вистински маж! Одбивно ми е кога ќе почувствувам манип улација, лага, отсуство на почит и внимание.
Сакам партнер кој нема да се откаже кога ќе дојде првата криза туку храбро да продолжи кога нешто не оди.
Не да престанеме туку смирено да прифатиме и да бараме решение, да не се задоволуваме со мирната вода во барата, сакам цврсто да ме фати за рака и да ми каже „тргнуваме“…, со него и на крајот на светот.
Тоа се сите особини што победуваат во животот и заедништвото“, кажала Адријана во Машки магазин.