Naslovna Zivot Водителката Јана која се омажи лани пак облече венчаница- еве кој прв...

Водителката Јана која се омажи лани пак облече венчаница- еве кој прв ѝ честиташе (ФОТО)

Јана Серафимова, е една од нашите најубави и најпопуларни водителки, особено откако направи два Тв трансфери.

Прво беше во Тв 24, потоа во ТВ Сител како водителка на емисијата Магазин, а сега води спортска емисија на ТВ Телма која се вика „Ферплеј со Јана“.

Јана е популарна поради својата професионалност кон соработниците и посветеност на работатa, но актуелна е и по други нешта, нејзиниот приватен живот.

На Јана и оди во работата, но таинствена е што се однесува до љубовта. Во едно интервју за Среќа.мк, откри некои нешта за себеси.

-Да, би се согласила дека е најтешко да се опишеме себеси, на сам старт ми давате тешка задача.

Сакам енергијата која што природно ја носам кога не сум пред камери – да ја пренесам и тогаш кога камерите се вклучуваат, па навистина сум среќна доколку гледачите ја чувствуваат таа моја позитива.

Сепак би рекла дека сум личност што не се “расфрла“ со својата енергија, зошто давам максимум љубов и посветеност таму каде што јас избирам, а тоа се: работата и луѓето чија што енергија ми одговара, ми значат и искрено ги сакам.

Сакам музика, сакам и следам спорт (најмногу фудбал), па еве таман да кажам дека една од поголемите маани ми е што не можам да се натерам редовно – рекреативно да спортувам.

Голем е бројот на нештата што можат да ме направат среќна. Среќа е што имам супер семејство и неколку вистински пријатели и тие ми го прават секој ден поубав.

За мене е многу голема среќа кога во нечии очи ќе видам дека јас сум причината што во нив се гледа среќа.

На едно од прашањата кое гласи: Во што би се пронашла освен во водителството, таа рече: Сигурно дека тоа би била музиката, затоа што тоа е и мојата вистинска професија.

Изгледа дека Јана ја има најдено среќата во љубовта, но таа малку има откриено за кого станува збор.

Сега е сосема извесно дека станува забор за нејзиниот сакан, Горан Петровски, кој на Инстаграм објави убава вест, а во објавата ја означи Јана.

Горан сподели слика од раката на Јана на која таа е со свршенички прстен. Game Over, напиша тој до сликата и објави емотикон со сврпенички прстен, по што доби многу честитки.

Јана минатата лето направи свадба со својот сакан Горан Петровски. Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак во 2021 година, и тогаш Јана за Женски магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки, а големата забава ја планира за на лето.

-Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости.

Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш” за првиот танц, а во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд” не дозволија ни минутка да седнеме, игравме – сите!

Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација.

Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТвТелма“, раскажала Јана. Убавата водителка, сега пак облекла венчаница која супер ѝ стои.

Всушност, венчаницата е модел на наша позната модна креаторка, која Јана со задоволство ја носи, а една од оние кои ја пофалиле за изгледот во коментар е и нејзината колешка, Ирена Спировска.