Naslovna Zivot Спасе од Сител најави дека ќе стане татко, со посебен повод објави...

Спасе од Сител најави дека ќе стане татко, со посебен повод објави зошто и кога

Тв презентерот од Сител, Спасе Јовановски или познат како Рола до бола, на Фејсбук постави слика од самиот себе каде што позира на своето работно место, во ТВ Сител, облечен во костум.

Но, не е само сликата во прашање туку и она што стои до неа, а тоа е своевидна исповед на Спасе- моментот дека не верувале дека од него нешто некогаш ќе стане.

Сите во животот имаме некој спомен од училиште, добар или лош, некои професори по добро, а некои по помалку добро ги паметиме, а приказната на Спасе е токму во тој контекст:

До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…

Па професоре… ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“, напиша Јовановски до оваа слика.

– Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа “Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро“, раскажа во една прилика познатиот Тв презентер од Сител, Спасе Јовановски во Женски магазин.

-Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш. По тушот следи едно јако еспресо кое го пијам со татко ми, бидејќи тој ми е “бек ап аларм“ доколку не го чујам алармот“, додаде тој за својот дневен ритуал.

-А кога сум втора смена, денот ми започнува некаде по 9 часот, пуштам кафе, без разлика на временските услови отварам широко прозорците и кафето го пијам сам гледајќи кон убавиот поглед кој го имам“.

Потоа Спасе раскажа дека кога нема обврски, кај него во соба е темно и се буди дури на пладне. Исто така раскажа и со што друго се занимава кога нема пбврски во Тв Сител, со временската прогноза.

– Покрај обрвските во “Сител“ со временската прогноза, јас стојам како извршен продуцент на инстаграм профилот на мојата блиска другарка Лила Филиповска.

Таму сум задолжен за фотографиите, видеата, локациите каде што ќе бидат снимани тие материјали, претходно секако состаноци со клиентите за кои работиме“, рече Спасе.

Кога Спасе минатата година славеше роденден, тој во оваа прилика се спореди со најбогатиот човек на светот, Илон Маск. Инаку, Илон Рив Маск е бизнис магнат, инвеститор и инженер роден во Преторија, ЈАР.

Тој е основач, извршен директор и главен дизајнер во Спејс Икс; соосновач, извршен директор и архитект за продукти во Тесла, и соосновач и извршен директор во Неуралинк.

Во декември во 2016 година тој беше рангиран на 21-во место на списокот на Форбс за најмоќните луѓе на светот. Тој има нето од 273 милијарди долари и е на списокот на Форбс како најбогат човек на светот.

Спасе на Фејсбук стави слика од него и од Маск и рече: На денешен ден се родени два генијални ума! Рола до Бола и Илон Маск.

Едниот моментално НАЈБОГАТ НА СВЕТОТ. А другиот, во блиска иднина да биде!“.

Во една прилика на својот Фејсбук профил, тој напиша: “ЦРВЕНКАПО” Пред точно 10 години, бев меѓу првите ако не и прв што облеков ЧИШ црвена патика…

Тогаш коментарите беа: “Кај ги најде женскиве патики” “Пе. еp ски! У живот не би облекол” “Се знае кој носи црвена боја”

ЅВЕЗДЕТИНА ко мене, не коментираше нишо, пошо знаев дека сум 10 год пред сите.

Времето минуваше и од ден на ден, па се до ден денес, секој барем еднаш облече цревена патика…

Знаете како вели една поговорка. “Прво ќе ти се смеат, после ќе те копираат” Фото- Ролована архива 13 јан. 2011“, напиша Спасе на Фејсбук неодамна.

Тој на шеговит начин има коментирано за својата работа: Дои да ти бидам дечко!

Стално ќе имаш точна ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!“. Во една прилика, тој ги чепна инфлуенсерите кои даваат совети на сториња на Инстаграм. Спасе напиша:

Абе фејкерки! Што така одамна ве нема да зборите за АНКСИ ОЗНОСТ за ДЕП РЕСИЈА да делите совети, да се пуштате ЛАЈВ по цел саат, со доктори со психијатри, со ПОЛУПИСМЕНИ САМОПРОГЛАСЕНИ експерти да прогнозирате и давате ДИЈА ГНОЗИ?А?

Или преку лето нема депр есија, нема пан ичен нап ад, нема на кого да продавате бубрези пошо се чепатите на плажа пиете коктели и баш ве боли уво…

Па коа ќе залади, и нишо нема да ви се дешава, и секирата ќе ви падне у депр есија, повторно ќе си ИЗМИСЛИТЕ некој пани чен напад, некоја бол ест и ќе смарате народ.

А вие драги следачи, на истите тие ИНФЛУЕНСЕРКИ кои лажно ви плачат на сториња, ви праат МОТИВАЦИОНИ ГОВОРИ И ПОРАКИ, се уклучуваат на пола саат со НАЈНОВИ теми од здравството наместо да им пишувате едноставно едно “Unfollow”.

Па кога ќе им треба ПАНИЧНО ВНИМАНИЕ и лајкови, нека плетат волнени чорапи и га-ќи на ЛАЈВ4Е… Барем за нешто ќе бидат од корист!“, рече Спасе.

Мајката на Спасе наполнила 70 години, и по повод овој нејзин јубилеен роденден, Спасе објавил едно убаво семејно видео, како таа ги дува свеќите со својот татко и со внуците.

По тој повод, тој најави што ќе стори како подарок за својата мајка, тоест дека сака да стане татко!

СРЕЌЕН 70 РОДЕНДЕН МАЈКО! Догодина за поклон, од мене едно внуче!“, напиша Спасе. Нека е жива и здрава мајката, уште многу години добро здравје и среќа.