Примабалерината Александра Мијалкова ретко ја има во медиумите, но секогаш е интересна, и поради нејзината работа и професионални успеси, но и поради сопругот, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Мијалкова во една прилика беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“ и зборуваше за нејзиното секојдневие и воопшто за животот, а го спомена и бракот со Мијалков.
– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, треба да имаш поддршка и од сопругот и од децата.
На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат. Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава.“
Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓале време само за нив. „Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.
Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. „Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има, тоа беше многу одамна, излегувавме заедно, се дружевме со моите колешки балерини, одевме по дискотеки како сите млади“, се присети Мијалкова.
За нејзе момент кој нема никогаш да го заборави од сопругот, а тогаш момче е на нејзината прва претстава.
– Бев млада, имав 18 години и за првпат тогаш добив главна улога, во претставата „Гилгамеш“ ја играв девојката.
Интересно е што на крајот, кога се поклонувавме а Сашо беше во Прага бидејќи таму студираше, добив еден голем букет и телеграма која беше од него и тоа беше прекрасно чувство- раскажа примабалерината Александра.
Таа многу се израдувала дека сопругот истемпирал таа да ја добие телеграмата токму по претставата. „Тогаш бев многу заљубена ине очекував дека тоа ќе се случи. Кога во гардероба ја отворив телеграмата од Прага, бев многу среќна“.
Мијалкова рече и дека нивната свабда била многу весела, со најблизок круг на пријатели, а она што ги одржува и после толку години во брак е флексибилноста.
– Многу весела свадба имаше, бидејќи имаше многу балерини, а кога се балерините присутни тогаш значи дека веселбата е уште поголема. Флексибилноста е еден од клучните фактори за успешна врска или брак.
Треба разбирање, треба хармонија, меѓутоа двајцата треба да работат на тоа за да биде нели успешен бракот“, рече Мијалкова.
Со синовите Јордан и Александар таа рече дека има пријателски однос и тие ја доживуваат како постара сестра, а изјави и дека сака да биде свекрва со разбирање и млада баба. Потоа, таа зборуваше дека Сашо Мијалков е романтичен и често ја изненадува.
– Често ме изненадува, иако не изгледа дека е таков, таква му е професијата. Таква му била професијата. Меѓутоа, надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето“, рече еднаш Мијалкова во „Бекстејџ“.
На големиот празник Павловден, постариот син на Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.
Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели минатата година
Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и блесна во елегантен црн коктел фустан, напиша Женски Магазин тогаш.
Како што можеше да видиме, младата избраничка на синот Јордан изгледала прекрасно. Таа носеше краток бел фустан, изгледаше многу елегантно, а можеше да се види и трудничкото стомаче.
Анастасија Бела, новата снаа на Мијалкови, е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела која е сопруга на актерот Атанас Атанасовски, објави Вечер, што значи дека актерот Атанас и синот на Сашо Мијалков станале баџанаци.
Тамара Тодевдска на својот Инстраграм на стори ја објави веста дека Сашо и Сандра Мијалкови станале баба и дедо. „Девојче е“, напишала Тамара и го означила на оваа објава таткото на девојчето, синот на Сашо, Јордан Мијалков.
На објавата е означена и сопругата на Мијалков, примабалерината Сандра Мијалкова, која стана баба.
Александра Мијалкова по долго време се појави во јавноста, на слика кај Калиопи, тоест Калиопи напавила селфи со неа и ја нарекла со посебни зборови.
-Со нашата примабалерина Александра Мијалкова, секогаш магично нерална на сцената“, напиша Калиопи која инаку ја компонирала музиката за претставата „Госпоѓиците од Авињон“, каде што игра таа.