Naslovna Zivot Нашата позната фолкерка покажа со што е надарена, кошулата едвај се закопчува…...

Нашата позната фолкерка покажа со што е надарена, кошулата едвај се закопчува… (ФОТО)

Елена Велевска, познатата фолкерка која неодамна стана водителка е секогаш интересна во медиумите и на социјалните мрежи.

Таа во интервју за Слободен печат го изјави следново за нејзиниот приватен живот откако се раздели со Маријан со кого има три деца:

-Сама на себе си станав досадна кога е таа тема во прашање и си ветив дека за прашањата поврзани со она кое што се случи изминатиот период, ќе молчам.

Кажав сè што имав да кажам и повеќе од доволно е. Во мојот живот не се случува ништо поинакво од она на секој кој го чита ова.

Како и во секоја професија така и во оваа има луѓе кои сакаат да ти наштетат, љубоморни се… Во оваа професија ако немаш расчистено со егото ќе си имаш проблем.

Не можеш ти секогаш да си најдобар, не можеш секогаш ти да имаш полни концерти, кога и на „поголемите“ им се има случено да имаат промашено песна, турнеја и во тоа нема ништо страшно.

Отсекогаш сум се трудела да бидам најдобра верзија од себе и единствен „натпревар“ што го водам е со самата себе.

Кој што си прави, за себе си прави. Никогаш не сум сакала да престанам да се занимавам со оваа професија, себично би било од моја страна доколку помислам на такво нешто, а имам публика и кариера која трае повеќе од 20 години.

Постојат моменти кога се заситувам и правам пауза и повторно нов почеток. Со секој нов проект, песна за мене е нов почеток.

-Често ме прашуваат како успевам да изгледам како што изгледам и секогаш го одговарам истото.

Работам на себе, вежбам и внимавам на исхрана. Нема ништо спектакуларно тука. Обврските околу децата придонесуваат плус да сум во кондиција…

Мојот најголем успех се децата, па кариерата, се справувам со сите предизвици да можам на нив да им пружам пристојно детство.

Не се разгалени воопшто, не одат во приватни училишта и немаат ништо повеќе од тоа што има секој нивни врсник. Кога го работиш она кое те исполнува можеш сè.“

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа откри дека потешко оди гледањето со децата, бидејќи тие се во Охрид, а таа е во родниот Прилеп. Во Женски магазин, таа рече:

-Како што оди времето, секогаш гледаме да одиме напред, никако да не се вртиме назад, и тоа го применувам и дома со семејството, затоа што животот оди напред. Од минатото можеме само да учиме и да бидеме подобри секое утро“, раскажала Елена.

Исто така, таа рекла дека ѝ е важно да ги заштити децата од било какви коментари кои се појавуваат за неа на социјалните мрежи и во медиумите.

-Никому не му е лесно, но се трудиме. Јас гледам да ги држам што подалеку од читање коментари, без разлика дали се позитивни или негативни, сето тоа е за нивно добро и мислам дека многу не треба да обрнуваме внимание на тоа што се зборува, туку да гледаме на нашите дела.

Делата зборуваат многу, и јас секогаш стојам зад нив, за нивно добро, и секогаш ќе бидам мајка којашто е бо рец за нив, и со и зад нив, како поддршка за сето она што ќе го одлучиме заедно“, раскажала Елена.

Елена во една прилика на Фејсбук најави нов спот, кој има скококтлива приказна. Во една сцена таа поминува во мини фустан, а две комшкики ја гледаат чудно и ја озборуваат. Со тоа, пејачката сака да му порача на народот да престанат да ја озборуваат.“

Песната се вика „Овој живот убав е“, и Елена на Фејсбук ја најави екипата со која работи Текстот за песната го напиша Орце Зафировски.

НАСКОРО/ ”Овој живот убав е „ /нова песна, видео НАСКОРО / Музика- Артан Кастрати Текст: Орце Зафировски“, напиша Велевска на Фејсбук, а оваа песна е сега веќе доста позната и слушана.

Елена Велевска сподели еден интересен цитат на својот Инста профил на стори, во кој тааа го дава своето мислење за машко-женските односи.

„Не сакам мажите да имаат власт над жените, туку над себеси“, е мислењето на нашата фолк-пејачка.

Eлена Велевска објави слика на Фејс каде што изгледа непрепознатлива. Во вакво издание досега ја немаме видено, во бизнис панталони и сако, а под тоа тесна маичка на која се откриваше бујното деколте.