Лила е една од нашите најубави и најзгодни водителки и каде и да се појави привлекува големо внимание поради својата нереална убавина.
Лила е успешна водителка која долги години ја гледаме позади ТВ екраните.
-Имам неколку омилени книги, но сепак мислам дека секој во куќата треба да има примерок од „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, бидејќи тоа е роман на вечноста. Тоа е приказна за хуманоста и пријателството.
Книга полна со суштинска мудрост, а една од најубавите е: „Само кога гледаш со срце, го гледаш вистинското, најважното не се гледа со око“, изјавила Лила за српскиот портал „Редпортал.рс“
Петок е денот кога повеќето луѓе чувствуваат некакво олеснување бидејќи завршува друга работна недела и доаѓа викендот. Дали поради тоа или нешто друго, Лила ни кажа дека за неа љубовта е „гравче во петок“. А кој не сака грав?
Дали мислите дека лагата е корисна ако ја користиме за да направиме добра работа и да не повредиме никого- ја прашале понатаму нашата водителка, а Лила на свој начин дала одгвор:
-Тоа се таканаречените „бели лаги“. Само ако е навистина потребно и немате друг излез.
И јас ги користам понекогаш, но да не заборавиме дека ако лажеме мора да имаме одлична меморија.
„Лила често ја нарекуваат докторка за шоубизнис во Македонија, па нѐ интересираше ако повторно да се роди, дали повторно ќе ја работи истата работа или пак ќе биде хирур, што своевремено го изрази како своја голема желба.“
-Јас сум човек кој сака промени, па веројатно би ја поздравила таквата промена. Ја сакам медицината, но животот не сакаше да бидам хирург, туку филолог и водител.
Кога би се родила повторно, би била хирург и сигурна сум дека би била популарена и ценета затоа што кога правам нешто, тоа го правам со многу љубов.
Така, на некој начин повторно би била јавна личност. Не знам, или пак да бидам доктор за шоубиз?“
Зоки Фаци, кој е исто пријател на Лила, пред некое време искрено се обрати на стори на Инста и раскажа приказна за здравјето на Лила, нешто што дотогаш не беше познато во јавноста.
Тој во обраќањето напомена дека нашата позната водителка носи перика.
„Дечки јас немам твитер, ама некои од вас ми праќаат во инбокс коментари поврзани со мојата драга пријателка Лила Филиповска, и стварно да ви се из нае… на сите све живо и диво што имате. Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика?
Зошто мора да ви каже низ се што помина оваа година, низ п еколот, и зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Да даде Господ, се што таа помина да поминете пута три!
Еве, најискрено ви кажувам. Не го кажувам ова од злоба, туку го кажувам од бес. Затоа што сте себични говеда, затоа што сте луѓе без чувсtва, затоа што сте луѓе и нација клошарска, нискобуџетна…
Василевски кажа што кажа, а јавноста остана во прашалници што се случува со познатата водителка. Лила за ова молчеше сѐ до нејзиниот роденден во октомври.
Тоагш таа повторно не откри детали, но сепак проговори со што се соочувала во изминатиот период, од како што рече, една година:
„Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден.
Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив!
Научив дека секој ден е бор ба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден!“
Лила постојано изненадува како изгледа, а некој кој не би ја знаел со сигурност би ѝ дал 20 години помалку. Таа неодамна објави слика во кратко здолниште кое ги истакнуваше нејзините долги нозе во мрежестите хулахопки.
Во ова заносно издание Лила во описот на фотографијата која ја објави напиша: „Лоши вибрации не одат со мојот “аутфит“ и навистина е така бидејќи Лила е секогаш позитивна.