Иако сега активно не пее, таа остана синоним за наша позната и оригинална пејачка и хуманитарец, а секако зборуваме за Ребека Јанковска- Ристески.
Таа мајка на три сина, и иако не е активна во музиката, доста е присутна во медиумите, и со години го задржаа својот убав изглед и добра форма.
-Не сум многу ригорозна во однос на третман врз моето тело и лице во однос на годините. Меѓутоа тие си бараат поголема грижа, вежбање, но во последно време не го правам тоа многу, порано повеќе вежбав, по три пати неделно.
По два часа во теретана, и не покажав многу килограми за време на првата бременост, што е многу важно за една девојка или жена, зашто тие килограми тешко се враќаат, изјави Ребека во едно интервју за Фешнел.
Таа беше меѓу првите естрадни имиња што кон крајот на 90-те преку изгледот, почна да руши табуа а притоа и да создава хитови.
Но, сепак и во тоа време таа пристапуваше со многу вкус кон визуелната естетика. Свесна дека освен гласот и песните, продава и изгледот, Ребека и денес можете да ја видите во некоја оригинална комбинација и совршен негуван изглед.
Искрено и смело ќе ви каже дека е горда на тоа што беше првата македонка која на забавната сцена почна да покажува повеќе кожа на себе , преку откриени нозе, длабоки деколтеа, интересни фризури и провокативни стајлинзи.
Сега не ми е толку важна таа надворешна убавина, поважно ми е она што ќе го кажам да е на место, сите се менуваме, порано ми беше многу важен изгледот, беше на прво место а сега не е.
За убавина најважно е да имаш негувана кожа, да не се појават предвреме брчки.
Досега направив многу трансформации на изгледот, менував фризури, боја на коса,вадев веѓи и буквално многу работи кои соодвествуваа со мојот карактер и мојата филозофија на живеење.
Твојата витка линија е момент на генетика или конкретни принципи за одржување на здраво и обликувано тело?“, ја прашале во Фешнел, а таа одговорила:
И генетика и принципи на одржавање, се во едно. Јас постам, половина година го правам тоа. Ако не се јаде леб, навистина се слабее, кај мене веднаш се забележуваат 3 килограми помалку.
Роб на модата не сум. Мислам дека секогаш сум имала свој специфичен стил. Дури во одредени моменти во животот и кариерата, можам да кажам дека сум ја диктирала модата и пред време сум ги носела многу работи.
Но, тоа не е благодарение само на она што сум јас, туку и на тимот кој што работел со мене, креатори, стилисти кои ми помагале и ми давале совети. Не ми е важно да купувам брендирана облека, зашто имам семејство и пред се ми е важно да заштедам некој денар за дома.
Кога си сам е поинаку, порано давав повеќе пари за себе, за гардероба.
Сега сакам да имам добра чанта, да имам добри чевли и за тоа знам да дадам многу пари, меѓутоа не патам од тоа, ако видам некое парче а не е многу скапо и не е брендирано, сигурно ќе го купам“, кажала Ребека.
Редовно возење ролерки на кејот на Вардар и вежби со најстариот син Маркијан во Градскиот парк се омилениот ритуал на поп-пејачката Ребека Јанковска- Ристески, објави Женски магазин во една прилика.
„Се трудам во денот да имам време кое што ќе си го посветам на себеси. Возам ролерки на кејот на Вардар по 15 до 20 километри на ден. Така ја одржувам линијата , но и позитивните мисли, што е уште поважно.
Потоа, со Маркијан одиме двајцата заедно во парк и правиме вежби. За неговото здравје е многу важна таа физичка активност, а и јас уживам додека вежбам со него.
Тие вежби ми даваат најмногу сила“, ни изјави Ребека, која е претседател на здружението на граѓани за лица со дисф ункции, хен дикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.
Ребека, токму што се однесува до здравиот живот, си дала предизвик самата на себеси дека ќе ослабе и ќе се врати во форма.
На својот Фејсбук профил, при крајот од минатата година, таа објави и на кој начин ќе го стори тоа, но кажа и за една своја болна повреда: Денес започнува мојот фитнес предизвик!
Десет дена дома со тројцата мускетари додека се на распуст,а потоа теретена! Целта е да се вратам во форма и ослабам 8 кг.за 3 месеци. Бавно,но здраво.
Пред 2 год.и 9 месеци го ски нав мускулот на потколеницата на две места поради пад на скали, на десната нога и бев скоро 3 месеци на штаки, а поради ко видот и децата кои беа дома онлајн не можев да одам на физикална.
Процесот на заздравување одеше бавно и единствено што можев да правам е да пешачам многу бавно и 10 дена да сум на море!
Прв пат во животот толку време сум без вежбање. И трудна вежбав. Посакајте ми среќа!“, напиша Ребека.
Кога мајката на Ребека, Роза Катиновска прослави роденден, и ќерката на својата мајка на емотивен начин ѝ го честиташе роденденот.
Ребека напиша на Фејсбук за својата мајка Роза која изгледа одлично: Драга наша мамичке и наничке, Да си ни жива и здрава уште многу години!! Те сакаме. Среќен Роденден!
Ребека сподели една убава слика од својата мајка Роза, од една далечна зима во 1980 година. Роза е и сега убава госпоѓа, а тогаш била прекрасна млада дама.
Нашата позната пејачка едноставно напишала под сликата:
Моја, а се гледа дека и двете ќерки ја наследиле убавината од својата мајка, и таа и сестра ѝ Хелена.