Naslovna Zivot Ќерката на Хелена порасна во вистинска убавица – баба Роза покажа слики...

Ќерката на Хелена порасна во вистинска убавица – баба Роза покажа слики од Кјара и младото зетче (ФОТО)

Веќе неколку години, поранешната водителка Хелена Роза, сестрата на пејачката Ребека Јанковска живее во Нов Зеланд со сопругот Игор, ќерката Кјара и синот Тијан.

Хелена во едно интервју во Женски Магазин зборуваше за нејзиниот живот во Нов Зеланд, поточно го градот Окленд.

Таа има кажано дека почетоците биле многу тешки и со Игор работеле многу за да си обезбедат убав живот и иднина за своите деца.

-Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно.

Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.

Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.

Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе.

„Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето.

Во една од песните на пејачот Филип Пешевски, кој беше промовиран со видеозапис снимен во Саранда, соседна Албанија, глуми и ќерката на некогашната водителка Хелена Роза, Кјара Гоља.

Таа во видеото ја има улогата на девојка на младиот пејач, а со оглед на тоа што Саранда е летна дестинација, се појавува во бикини и изгледа одлично.

Многу е очигледно дека ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља ги наследила гените на својата мајка. Ако ја погледнете Хелена кога била помлада, па и сега, ќе забележите дека „мајка природа“ не штедела кога подарувала убавина.

Кјара е доста активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од себе. Таа не ја пропушта приликата да ја покаже својата атрактивност на Инстаграм.

Инаку, нејзиниот профил е преполн со фотографии на кои таа блеска со својата природна убавина и раскош.

Ова убава девојка е и вљубена, и нејзината профилна фотографија на Фејс го покажува убавиот дечко, кој се вика Стефан.

А дека се создадени еден за друг, кажува оваа слика на која и двајцата се многу среќни, но и коментарите под сликата.

Речиси сите велат дека Кјара и нејзиниот сакан се прекрасен пар, и сосема се во право.

Најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд каде живее Хелена со семејството неодамна прогласи вонредна состојба по поројниот дожд што предизвика големи поплави и направи хаос.

Загрижувачките вести пристигнаа и од Хелена и Кјара кои исто така се огласија на Инстаграм и ја објавија моменталната ситуација.

Кјара снимаше од прозорецот на нивната куќа како врне пороен дожд и напиша дека ова е најлошото лето во Нов Зеланд.

Додека Хелена објави многу слики и видеа од вонредната ситуација, на една слика се гледа како буквално автомобилите потонале во поплавата.

Хелена напишала дека Окленд е официјално поплавен. За среќа семејството на Хелена добро поминало.

Мајката на Хелена и Ребека, Роза Катиновска неодамна беше во посета на својата ќерка во Нов Зеланд и на својот Фејс објави како си поминала, како и средбата со зетот, дечкото на Кјара.

Веројатно мајката на Хелена и Ребека била во посета на Нов Зеланд околу 4 месеци по тоа што на Фејс објави слика како се вози низ Скопје, а во описот напиша:

„После 4 месеци си возев пак во моето Скопје.“

Роза додека била во Нов Зеланд излегувала со внуката Кјара и нејзиниот дечко Стефан, а ги придружувал и малиот Тиан. Очигледно е дека баба Роза е во добри односи со идниот зет по тоа што објавија и слика од вљубените млади и напишала:

„Моите радости Кјара и Стефан.“

Роза снимала и како се возела со хеликоптер низ Окланд што значи дека си поминала навистина убаво кај ќерката на гости.