Во една од епизодите на емисијата „Уште ми фалиш“ со Александар и Дац гостуваше Нора, познатата новинарка, водителка, Нора Шаќири, сестрата на Бени Шаќири.
Рече дека уште не е свесна дека е мајка и не е свесна што ѝ се случува, зборувајќи за синот Ијан.
– Јас сум тетка на пет внуци, и во неколку наврати на Ијан му се обратив: Дојди кај тета“, раскажа Нора.
Потоа раскажуцваше за тоа како е да си сестра на Бени Шаќири. „Брат ми ме фати како пушам.
Одев на курс по англиски и со еден од соучениците излеговме на пауза, стоиме во ходник, и пушиме цигара.
И тој ми вика: Те молам придржи ми ја цигарата, и јас со две цигари. Ама не занев дека Бени треба да дојде да ми плати рата за курсов. И јас стојам вака со двете цигари, и го гледам како се качува по скали.
Како да ви кажам, немав здив, бледа. Он ме погледна, плати, си отиде. И јас и реков на професорката дека нешто ми е многу лошо и морам да си одам дома. Отидов дома и брзо си легнав. Се преправав дека спијам, ми беше страв.
И никогаш не праша што е со цигариве, не една, па уште и две. И во една ситуација, бевме некаде излезени, јас со цигарите во ташна, и тој ми рече:
Те молам запали, во ред е, гледам дека ти е лошо, знам дека пушиш“. И од сега, јас ќе ти купувам цигари, раскажа Нора.
„Еднаш сакав да ги потресам моите и избегав од дома. Отидов кај тетка ми. Не ѝ заѕвонив, туку седев на скали. И потоа ми беше многу ладно и заѕвонив и ѝ реков:
Јас избегав од дома, а таа ми рече: Знам. Не те ни бараат, знаат дека тука ќе дојдеш“, додаде таа за своите палавштини.
Мајката на Бени и на Нора Шаќири, Изета Радончиќ Шаќири објавила слика од целото семејство, каде што се седнати на кафе со синот Бени, ќерката Нора и зетот и напишала:
Децата решиле да ја прошетаат мама. Ова убаво изненадување побуди позитивни реакции кај пријателите.
Мајката на Бени Шаќири и на Нора Шаќири, Изета објави слика од својот син Арбен, како игра љубовен танц со својата сопруга Лиса.
Среќни и вљубени, изгледаат Лиса и Бени на сликата, а таа изненади со стајлингот, кошулата и сукња кои одлично и стојат.
Една слика, илјада зборови, стои во описот на сликата од мајката на Бени, за својот син и снаата.
Мајката на Бени Шаќири и на Нора Шаќири која инаку има уште еден син, Изета Радончиќ- Шаќири со емотивни зборови на својата снаа Лиса и го честиташе роденденот минатата година.
Таа објавила слика на Фејсбук од двете снаи, од двата сина и напишала:
– Не треба да ја родиш за да ти биде ќерка. Треба да ја пригрлиш и примиш во семејството како родена ќерка со сите нејзини мани и доблести. Така треба да биде и од другата страна за да има хармонија и разбирање во семејството.
Ние така се договоривме со двете снајки и тоа функционира до денес а се надевам и понатака. Ова се две мои принцези од кои едната слави роденден.
Е па Лиса Баута Шаќири да си ми жива, здрава ,среќна заедно со твоите три принца Бени, Мик и Бен, и сите што ги сакаш и те сакаме.
Јас те сакам до бескрај ти го знаеш тоа, и у то име да ми доживиш 100 умнице моја. СРЕЌНО!
Лиса Баута Шаќири е млада жена, која изминатиов период предизвика низа позитивни коментари на социјалните мрежи, околу нејзините ставови насочени против неправдите на поличарите од било која политичка партија и националност, кон граѓаните од било која националност.
Сега, таа објвави уште една приказна за својата снаа, тоест, ѝ го честиташе пак роденденот со нејзина слика со Бени, како вистинска свекрва за пример.
Госпоѓа Шаќири под оваа слика напиша: Најсрекна да си умнице моја. Жива, здрава, среќна со твоите тројца мажи, а да не ја нарушиме равноправноста, да си среќна и со СВЕКРИВА. Ти посакувам да доживиш 100. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.