Naslovna Zivot Еве каква била Сузана Гавазова како невеста- со ептен важен повод објави...

Еве каква била Сузана Гавазова како невеста- со ептен важен повод објави стара слика со Јасмин (ФОТО)

Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние дами која секогаш е скоцкана од глава до пети, и кога е на сцена, по дома, или на улица.

На својот „Инстаграм“ таа често објавува фотографии на кои позира во разни модни комбинации покажувајќи го своето згодно тело.

Гавазова минатата година уживаше на одмор во Мајами од каде ги честеше своите следбеници со фотографии на кои позираше во бикини.

По враќањето од Мајами, пејачката уживаше во родната Стурмица, а нејзините следбеници уживааа во фотографиите на кои позира во разни аутфити.

Во таа прилика, Сузе објави фотки на кои позира во црна комбинација среде улица во Струмица“, објави Вистина.мк тогаш.

За фотографиите таа доби илјадници лајкови, но и коментари. „Многу си хубава“, „Преубава“, „Прејака“ , „Македонска Карелуша“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.

Сузана Гавазова секогаш знае како да ги заинтригира фановите, бидејќи, освен вокалните квалитети, предност за секоја пејачка е кога умее да се негува и да биде пример за згодна жена на естрадата.

Гавазова е една од нашите најинтересни фолкерки, и секако најпопуларни, но и најозборувани. Во една прилика, во интервју за Музика 24, таа откри некои нешта за себеси.

-Јас сега се дефинирам како поп фолк пејачка, а порано како фолк пејачка. Значи порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали.

А, сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Само здравје да не служи и енергија да имаме. Фала му на Господ јас имам многу работа, не само тука во Македонија, туку и надвор од државата“, има изјавено Сузана во едно интервју за Точка.

Гавазова на стори на Инстаграм сподели видео од луксузниот стан во кој живее со сопругот Јасмин и со ќерките Емили и Селена.

„Добро утро“, напиша Гавазова под видеата, а на нов се гледа дека Сузе живее во супер луксузен, но и вкусно уреден стан со топ поглед од прозорот.

Сузе сподели и што подготвила за појадок за себе и за сопругот Јасмин, а тоа е хот- дог, и често објавува какви вкусни јадења знае да направи во кујната.

Без оглед што Гавазова изгледа топ и има одлична линија, таа може да си дозволи и да се опушти со нешто вкусно без оглед што не станува збор за здрава храна.

Сузана Гавазова објавила една нејзина постара слика со сопругот Јасмн, но многу важна- од денот кога станала невеста. Сузана изгледала супер и тогаш како и сега.

Поводот за сликата е всушност годишнината со Јасмин- тие се во брак цели 9 години. На овој датум, јас и мојот сопруг стапивме официјално во брак. Нека ни е на здравје“, стои во објавата на Сузана.