Naslovna Zivot Емотивна исповед на Турунџиева за свекрвата- Ја држела за рака девет месеци...

Емотивна исповед на Турунџиева за свекрвата- Ја држела за рака девет месеци во болеста, сè до последниот ден

-Првата книга “Куфер со соништа” ми е издадена во 2007 година“, кажа во едно интервју за Хибрид.мк нашата позната пејачка, водителка, писателка,аи наставник по музичко образование, Сузана Турунџиева.

-Оваа книга беше поттикната од еден мој сон кој го сонував во годините додека ми се редеа прашалниците ‘зошто на брат ми мораше тоа да му се случи, зошто некои работи морале така да завршат“, изјави Сузана за својот брат кој се упокои под необјасниви услови.

-Никогаш не најдовме одговори кои ќе ни дадат објаснување зошто, кога му се случи сето тоа. И во еден сон се видов себеси како пишувам книга и како давам одговори на некои прашања.

Всушност, сонот го протолкував лично, а тоа беше дека јас морам да извадам нешто на хартија, да не трпам и да не потиснувам повеќе ништо во себе, затоа што сум човек кој длабоко во себе собира многу.

Се до еден момент додека не се почувствувам толку преполнета, што нема да знам каде да ја извадам целата моја тага.

Така почнав да пишувам“, кажа Сузана, мајка на Матеа и на Лора која ѝ го пдари внукот Јаков.

“Куфер со соништа” ми дојде сосема ненадејно како наслов, некаде на средина на книгата. Инаку работниот наслов на овој роман беше “Моите 20 години во Скопје”.

Се сетив дека ‘87ма ја напуштив Битола и тоа беше почетокот на 2007 година кога јас ги заокружував 20-те години живот во Скопје, односно 20 години живот без Битола.

Никогаш не ја прежалив и никогаш не ја чувствував само како место во кое сум се родила и живеела до моја 18-та година. Кога сфатив како ја напуштив Битола и како ме пречека Скопје, тоа беше моментот кој реши.

-Вториот мој автобиографски роман “Животот не е бајка”, гледано периодично му претходи на првиот. Тука го опишувам моето најрано детство и животот на мајка ми.

Таква ми беше и идејата. Мојата мајка е една многу специфична жена која верува во точност, доверба и пристојност, никогаш да не задоцниш, никогаш да не се позајмиш и да останеш должен.

Таквите личности кои толку прецизно го сфаќаат животот, многу тешко се вклопуваат во денешниве услови на живеење, дух во која таа не воспитуваше.

Но, тоа не значи дека јас сум расипнички настроена, туку сум многу пофлексибилна.

Мајка ми е жена која ни поставила многу високи стандарди и токму поради тоа јас не поднесувам површност, делумност, никогаш не сакам шаблонизација, но затоа пак не дозволувам ниту луѓето околу мене да се однесуваат така.

Таа е многу силна и посебна жена, затоа ми дојде инспирација да нурнам во нејзиниот живот, во нејзиното детство, во страдањата, но и убавите моменти како девојка и млада мајка.

Оваа книга го раскажува и мојот живот преку нејзиниот во периодот пред да ја напуштам Битола односно сцената кога се качувам на воз. Преку книгата се сетив на работи кои мислев дека се избришани од мојата меморија“, додала Сузана.

Инаку, пред шест ипол години, се упокои нејзиниот сопруг Марјан, а пред неколку денови, и енјзината свекрва, мајката на Марјан, кој бил нејзин син единец.

-Нашата баба Лена беше вистинска лавица. Сама го пораснала Марјан и освен него немаше никој друг. Го родила на 21 година, а веќе на 22 била самохрана разведена жена!

Прерано ги изгубила мајка ѝ, брат ѝ, татко ѝ, а подоцна и сестрата. Јас, за жал, не запознав никој од потесното семејство, освен нејзината прекрасна сестра Снежана, која поч-ина пред 4 години.

На внуките им ги упатуваше најнежните зборови и постојано ги благословуваше. Во ништо не ја оддели мојата Лора од нив и сѐ што купуваше за Мила и Матеа, купуваше и за Лора.

Беше голем верник и по ненадејното заминување на Марјан, гро-биш-тата ѝ станаа единствената дестинација што ја посетуваше, сѐ додека не ја спречи болеста.

Во најтешките мигови кога го изгубивме Марјан, ѝ ветив дека секогаш ќе бидам тука за неа, без оглед на сѐ. Така и постапив и не ја оставив ниту еден ден сама, особено во последните 9 месеци откако се разболи и не можеше повеќе да функционира сама.

Сѐ што таа посакуваше во последните месеци, беше да седам до неа и да ја држам за рака за да не биде сама, а јас и Матеа тоа со задоволство го правевме, колку и да ни беше стресно и болно.

Бидејќи длабоко во себе бев сигурна дека истото би го правел и Марјан за мојата мајка, да беше обратно“, раскажала во интервју за Слободен печат Сузана.