Статус на Александра Стојановска- Бизевска кој зборува за вистинските вредности во Македонија кои се загубени:
– Гледам на МТВ емисија во спомен на Милан Завков. Прво, приметувам колку се чувствува вистинскиот македонски дух во самиот етер, преку енергијата која ја создаваат учесниците и говорот на водителката- чист, правилен и писмен литературен македонски јазик.
Понатаму, гостинот, тогашен апсолвент на факултетот за музичка уметност, Милан Завков- неговите незаборавни музички дела кои и мојата генерација ги пее и се радува на истите.
Со изворен македонски музички тоналитет и такт, без примеси на турбо фолк елементи и со многу вистински емоции и мудри пораки преку песната.
По нив следат, самите изведувачи на песните на Милан, неговата група “Македонски мерак”, Виолета Томовска, Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Војо Стојановски, Гоце Арнаудов, Блага Петреска и многу останат.
Со каков жар, почит и природен талент ги изведуваат неговите музички дела. Се загледуваат дури и моиве тинејџери дома.
И сфаќаме сите, колку нѝ недостасуваат нам “постарите”, сите изгубени нешта со кои сме растеле, а на децата, нешто ново и не толку присутно во денешницава, ама сепак, им легнува.
Кр в е, ген е. Македонски. Нема бегање. Понатаму, сфаќаш колку нѐ одалечиле од сѐ што е право, традиционално, за душа, од големи луѓе.
Нѐ одалечиле МАЛИТЕ ЛУЃЕ, како оние кои овие денови се пазарат, договараат, преговараат, пресметуваат функции, позиции, интереси во државниот апарат, зашто само така можат да се етаблираат.
Никој од нив не успеа да се етаблира на горе опишаниот начин, преку дело, музичко, уметничко, научно, па кога после 40 год ќе ти ја пуштат емисијата во етер, да се наежат генерации после тебе.
Колку имавме, колку изгубивме. И пак, сите сме виновни за тоа. Зашто нѐ натераа да мислиме дека само преку функции ќе се докажеме и одважиме, а не вака како некогаш, преку чесно и стручно работење.
Преку дела кои ќе зборуваат и после нас. Ме загрижува и тоа што сите мирно си седиме и гледаме од фотелјите дома, како си ги делат местата како од карти, оние места кои НИЕ ги плаќаме.
И згора на тоа си нагаѓаме кој каде ќе биде, и се радуваме ако стават некој “наш”. Пак ситниот, личен интерес го калкулираме.
Е затоа ќе тажиме по старите времиња, ќе се прашуваме каде згрешивме, при тоа не сфаќајќи дека и ние сме дел од тие грешки.
СИТЕ, без исклучок. Ќе тажиме за ликови како Милан Завков, Џамбазов, како Џорлев, како Глигоров (единствен политичар кој вреди да се спомене како пример), како Коневски, Шишков, Колозов, Прличко…
И не знам уште кој, ќе тажиме, зашто ги отргнавте од нас, од детствата на нашите деца. Им ги наметнавте безвредниве имиња во нивното секојдневие и им искреиравте претстава дека овој начин на растење и сакање на држава е вистинскиот.
Не, нема ништо вистинско во сето ова. Нема морници по тело од некое дело, нема поставување на прашање “како ќе опстои музиката/ уметноста/ науката/ политиката, после негова/ нејзина с-мрт.
Нема тажење за тие безвредни ликови кои одма одат во заборав. Е тоа не е патриотозам, и не се мавајте, ама баш НИКОЈ, во гради дека ја сакате државава и народов.
Ништо вие не сакате. Нѐ отр увте и продолжувате да нѐ тру ете, нас и нашите деца. Е затоа жалиме по старите ликови.
Затоа нѝ фалат нивните дела. А вие, вие нѝ сметате. И сакаме да си одите!“, стои во статусот.