Мирослав Ќиро Блажевиќ, поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација се упокои утрово, на 8 февруари, во Загреб на 88-годишна возраст, по долго и тешко боледување.
Роден е на 10 февруари 1935 година во Травник, Босна и Херцеговина, а фудбалската кариера ја започна во локалниот клуб Братство.
Потоа настапувал за загрепските клубови Динамо и Локомотива, од каде се преселил во Сараево, каде играл до 1958 година.
Следните три години настапуваше во тимот на Риека, а потоа беше член на швајцарскиот Сион.
Тренерската кариера ја започна во швајцарскиот нисколигаш Веве. Тој раководеше со вкупно 19 клубови во Швајцарија, Хрватска, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина,
Кина и Иран и беше тренер на пет репрезентации (Швајцарија, Хрватска, Иран, Босна и Херцеговина и кинеската репрезентација до 23 години).
Најголемиот успех во кариерата го постигна со Динамо Загреб во 1982 година, кога стана шампион на Југославија, како и со селекцијата на Хрватска, со која освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година.
Од Ќиро со многу емотивни зборови се прости Тарик Филиповиќ, познатиопт актер и водител, најпознат по квизот „Кој сака да биде милионер“, кој за Блажевиќ ја играше монодрамата „Ќиро“.
-Знаев дека играш на судиското обештетување, но некако се надевав, познавајќи те добро, дека „Големиот судија“ нема да свири крај уште долго, долго…
25 години бевме дел од животот еден на друг, а ти секогаш беше радост, оптимизам, енергија, насмевка… „Ние не сме само пријатели, ние сме роднини!
Јас сум ти “болан амиџа“, ѕвездо моја!“…така велеше, а ние бевме како пријатели и роднини… оние мали места како Долац кај Травник, што му дадоа на светот нобеловец, и „тренерот на сите тренери“…
„Тој Мурињо, да се родеше како јас во Травник, до Вакуф не би ја фрлил топката! Кога го сумираше твојот живот, секогаш нагласуваше дека е тежок, полн со болка, траг едија, сол зи, загуби, но светот те гледаше како чист, планински поток…
И колку од твоите искрени солзи видов… Ти податив претстава за истиот тој живот, твој, единствен и тежок за повторување… споменик за живот…
И сè уште го слушам твојот шепот „благодарам сине што ме направи бес мртен во мојот живот“… кога ќе се сними филм за тебе, тоа ќе биде најдолгиот наслов во историјата на кинематографијата…
„Господине, мангупе, шармеру…“ или само „Ќиро“… затоа што такви двајца нема… Се обидувам да избгенма патетика на овие проштални страници на социјалните мрежи…
Затоа не велам збогум, ти си тука, ќе бидеш тука, со кафе кај „Чарли“ и јас ќе продолжам да чекам да дојдам и да ја пуштам смеата да одѕвонува по Гајевата улица.
И да зборуваме за се што сакаме, за фудбалот, Босна, Хрватска, Травник, Зеница, Загреб… можеле да те сакаат или не, но никој не можел да биде рамнодушен кон тебе…
А јас навистина те сакав.. и ќе ја добиеш својата „Улица на клупата Мирослав Блажевиќ“ што ја замислив , кај што млади ќе се бакнуваат, пензионери ќе играат шах и „бистрат “ политика…
За тебе клупата беше живот… А јас ќе ја играм нашата претстава „Ќиро“ додека трае. … и секој аплауз ќе биде аплауз за тебе… а завесата никогаш нема да ја затвориме… Твојот Тарик“, напиша Тарик Филиповиќ.