Знаеме дека Сања Гроздановска или популарната Сани важи за еден од најдобрите македонски забавувачи кога се фолк пејачките во прашање.
Нема кафеани каде што пее Сани, да нема супер штимунг и добра атмосфера.
Во едно интервју за „Бекстејџ,“ Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.
„Охо, имав 100.000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис.
Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.
Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја коригира устата.
Од друга страна, атрактиувната кумановка исто така е позната по својот смисол за хумор. Сани речиси редовно споделува досетливи коментари, шегобијни цитати или зјадливи поговорки и тоа најчесто – на своја сметка.
Но, кога ќе ја „чепнат“ каде што не треба, шегобијната фолкерка и тоа како знае да се налути.
Сани во една прилика објави слика со својата прва ќерка и кажа нешто посебно за неа.
,,Драга моја ќерко, Колку брзо лета времето … Како да беше вчера, кога се појави на овој свет.
Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат – да знаеш само како ми чукаше срцето …
Како те држев во рацете, ти беше толку мала и кревка, а толку прекрасна и совршена.
Се сеќавам како растеше со секој изминат ден, првиот твој збoр, првите твои чекори, првиот ден на училиште.
Да, ќерко, времето лета многу брзо. Ти растеш пред моите очи, но за мене секогаш ќе останеш мојата мала ќерка.”
На Сани Гроздановска секоја вечер ѝ е турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија.
Слободно може да се каже дека Сани е една од топ трите македонски фолкерки. Сани неодамна беше на турнеја во Австралија каде што буквално може да се рече дека нашата пејачка изгази со настапите.
Сани каде и да се појави, прави „лом“ бидејќи сите уживаат во атмосферата која ја прави на настапите.
Сани има традиција, пред или после настапите кои ги има речиси секоја втора вечер да објави слика од нејзиниот изглед. Тоа го направи постојано, а многумина останаа воодушевени од модните комбинации кои Сани ги објавува.
Неколку месеци откако се разведе од Мартин, се рашири веста дека Сани си фатила нов дечко. Всушност, прво Сани објави слика во бикини дека е во Швајцарија и дека се бања во базен.
Па, на наредното стори, можеше да се види дека Сани бакнува некој маж, додека на третото, новиот дечко на Сани објави слична фотографија како ја бакнува нашата фолкерка.
Инаку, Никола е нашинец кој живее во Швајцарија и на неговиот профил стои дека е менаџер на спа хотел во Леукербад, општина во округот Леук во кантонот Вале во Швајцарија.
Првата слика која ја објавија заедно е во надворешниот базен на хотелот каде што е менаџер, и сликата е ептен интресна, Сани и Никола во страстен бакнеж.
На една од неговите слики на Фејсбук, Никола покажал каква кола вози, и станува збор за добар мерцедес. Иако живеат разделени, тие наоѓаат начин да уживаат во својата љубов.
Потоа, Сани повторно отиде во Швајцарија кај својот сакан и објави слика како и двајцата уживаат на романтична вечера во овој хотел и се среќни заедно. Но, таа во Швајцарија не отпатувала сама.
Таа таму била со своите две ќерки и со нив споделила стори, и тоа како уживаат во убавините на овој хотел, во термалниот базен.
Инаку, хотелот е со 3 ѕезди, и според Букинг, цената на една ноќ е нешто повеќе од 200 евра за двајца.
Tаа ги изненади своите фанови кога во тајност се омажила, а на Интаграм профилот си го смени своето презиме во Урдаревиќ, повеќе не е Гроздановска.
Сани е сега во Швајцарија со своот сакан, и според сликите кои ги обавува, таа ужива во убавото планинсо сонце, а со неа е и нејзината ќерка Викторија, и повеќе време поминува таму отколку во Македонија.
Таа објави нова слика со Никола, тоест стпри на Инста, и на неа напиша: Нема искачање од денес! Никола оваа изјава ја сфати сериозно и тој ѝ одговори:
– Да злато, во право си, денес стварно нема смисла. На друго стори, Гроздановска покажа каква баница му замесила на своот сопруг, прсти да излижеш и се покажа како добра домаќинка.