Naslovna Zivot Горан Алачки се пофали со многу убава новост- му честитаат од сите...

Горан Алачки се пофали со многу убава новост- му честитаат од сите страни

Горан Алачки е многу тажен за загубата на својот пријател и колега Милан Завков кој ненадејно се упокои во 61. година од животот. Откако Завков си замина во вечноста, Алачки му ги посвети овие редови:

-Ги замолувам сите хармоникаши кои свират вечер , да ја остават барем на минута својата хармоника и да застанат мирно до неа и да одадат почит на големината на великанот Милан Завков“.

Потоа, сподели слика од него и од колегата хармониаш и напиша: По-ќивај во мир Милане. Како што е познато Алачки во неговото село Владимирово каде што живее, има свој културен центар, во неговата семејна куќа.

-Денеска ви претставуваме уште една невообичаена туристичка дестинација во Малешевијата воспоставена во рамки на програмските активности на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), со поддршка на Владата на Швајцарија.

Во село Владимирово, се наоѓа Културниот центар „Горан Алачки“ кој е уреден во етно стил и има за цел да се грижи за едукација и популаризација на етнокултурата.

Во Центарот, покрај запознавањето со македонската етно музика и култура, можете да добиете дополнителни информации за регионот, а секако и да вкусите домашно подготвена традиционална храна и органски пијалоци.

Културниот центар може да се посети како дел од туристичката понуда во склоп на интегрираните понуди на Balkan Prime Tours и Mountain Experience – Guides.mk“, стои во една објава која ја споделил Алачки.

Најголемата поддршка, Алачки ја добива од својата партнерка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во врска.

Марина неодамна реши да ја напушти водителската професија и да се обиде во нов бизнис во кој Горан ја поддржа.

Телевизијата ја одбележа мојата професионална кариера, и после 20 години на ТВ-екраните, разделбата беше навистина драстична промена во мојот живот – екранот да се замени со бизнис-секојдневие.

-Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година“, изјавила Марина за Слободен печат.

„Понекогаш ми недостасуваат студиските светла, не велам не – но секојдневно сè уште добивам сатисфакција, дека сум правела нешто правилно и важно за сите нас.

Кога ми приоѓаат на улица луѓе што не ги познавам, за да ми кажат дека не пропуштиле ниту едно издание на „Македониум“, и дури запамтиле некоја јавно искажана мисла или актуелна дефиниција на реалноста во тој миг“, изјави Дојчиновска во интервју за Слободен печат.

Таа рече дека во во 2012 година ја основала нејзината компанија – „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

Алачки на Фејсбук споделил слика од него и од уште едно големо име во музиката, а тоа е Милан Завков, маестро на хармоника, изминатово лето, што докажува колкаво било нивното пријателство.

-Остаревме, но делата ќе живеат после нас“, напишал Горан Алачки до оваа слика, и пото добил коментари од типот: Арни сте обајцата уште лежи работа во вас… не се откажувајте… голем поздрав..

Не сте остареле, само сте повозрасни, респект, легенди… Ама ова ви е само маската (демек стари)… колку енергија, ритам и мелодии има во вас двајцата, вие за секогаш останувате млади! Најсрдечен поздрав од Љубљана!“, се дел од коментарите.

Само неколку месеци подоцна, тој за жал мораше да се поздрави со својот пријател. Но, Алачки се пофалил и со уште една убава вест, за која добил многу честитки од секаде.

-Голема чест – да те има во музичките учебници на Балкано“; напишал тој и споделил страница од учебник на српски јазик и лекција за хармониката.

Меѓу познатите хармоникаши кои се набројани во оваа лекција е секако Милан Завков но и Горан Алачки, за што заслужено добил доста пофални зборови во коментарите.