Naslovna Zivot Долго ја чекаа својата среќа, а сега конечно уживаат со неа- ретка...

Долго ја чекаа својата среќа, а сега конечно уживаат со неа- ретка слика од Кате и Трајче од „Соната“

-Нас како група отсекогаш дружбата со колеги ни била најубавото нешто што се случува на секој фестивал“, рече во една прилика Катерина Брезева или Кате од групата Соната за Публицитет.мк, кога со групата пееше во Охрид.

– Имаме настапено на сите фолк фестивали токму и заради тоа важиме за фестивалска група. Јас од мала сум растена со фестивалите и навистина многу ги сакам и ценам.

Најголем успех за нас беше настапот на „Цветници“, фестивал за кој од мала ми беше најголема желба да настапам бидејќи се е во живо и свирење и пеење.

И, токму на тој фестивал во 2015 година зедовме втора награда со песната „Пустина“.

-Сите што не запознале знаат дека важиме за скромна ненаметлива група која што сака да привлекува внимание само со квалитет.

Ние секогаш со задоовлство прифакаме покана за во емисија и за интервју“.

Во 2019 година, сите медиуми пишуваа за интересната љубовна приказна за Кате и Трајче од велешката група „Соната“.

Тоа е групата која пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират „Соната“, требаше да ги резервираш многу однапред.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари.

Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително.

Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска.

Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Кате и Трајче го кажаа судбоносното ДА, и се венчаа пред матичар. Во тоа време, јавноста дозна и дека Кате и Траајче се подготвуваат за уште една важна улога, улогата на родители.

Убавата невеста, бееше во осмиот месец од бременоста, а јавноста тоа го дозна откако Кате и Трајче се пофалија со слики на социјалните мрежи.

Нешто повеќе од еден мсец потоа, тие имаа уште една голема радост- им се роди ќерка.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката.

Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката ќе се вика Ана, а радоцната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

Како што велат, крушата под круша паѓа, па малада Ана уште од мала покажа дека го наследила музичкито талент од своите родители.

Таа уште отсега покажува љубов кон музиката. На својот Фејсбук профил, родителите споделија фотографија од неа со микрофон во рацете.

Навистина ни е жал што повеќе нема ТВ емисии како порано, така многу често се гледавме со колеги сега останаа само фестивалите за дружба, а тема на разговор секогаш е музиката.

За Кате и за Трајче сигурно дека важи онаа- кој чека ќе дочека. Нашите познати фолк пејачи долго ја чекаа својата среќа, а сега конечно ја дочекаа.

На Инстаграм профилот на Кате, се појави ретка семејна слика од неа и од Трајче со ќеркичката Ана, како си уживаат во ресторан и си јадат традиционален велешки специјалитет- пита.