Naslovna Zivot Борче Трајковски: Ми свиреше на свадба, беше младо момче – името му...

Борче Трајковски: Ми свиреше на свадба, беше младо момче – името му беше Милан Завков

Завчера македонската јавност ја изненади веста за прераното упокојување на врвниот инструменталист, познатиот, Милан Завков.

Братот на Милан Завков, во изјава за порталот Женски Магазин, објасни што се случило завчера.

-Не можам да поверувам што се случи. Двајцата бевме на одмор и вчера ни беше прв ден на работа. Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидеовме на ручек.

-Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија.

Иако цел ден бевме заедно, ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме –вели Тоше и додава дека по два часа му се јавила сопругата на Милан.

-Ми рече дека не му е добро и веднаш да дојдам кај нив. Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала см -рт.

Се се случило одеднаш. Милан бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите.

Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот- низ солзи ни раскажал Тоше за Женски магазин.

Вчера на социјалните мрежи, многу колеги, пријатели и роднини, се простија од Милан Завков.

Еден од оние, на кои им свирел на свадба и кој се одбрани зборови раскажуваше за музичарот на својот профил на социјалните мрежи, беше писателот Борче Трајковски, алијас Боки Бургија.

„Две работи не се забораваат од сопствената свадба, имињата на сведоците и кој ти свиреше на свадба…

Таа 1979 година, фрка и трка беше да се обезбеди Тале Огненовски врвен кларинетист. Го најдов. Лево десно, ваму таму, пршај еден прашј друг, и оп, ете контакт со Тале.

Телефонски се договоривме да се најдеме на плоштад, пред Стоковна, за да се договориме за свадбата. Не беше сам.

Се појави во друштво на младо момче кое ми го претстави како врвен талент, хармоникаш, и дека заедно со него ќе свират на мојата свадба.

Сомничаво го разгледав момчево, навистина младо, дете, (ко ја да бев многу повозрасен, демек, ви текнуе), ама ми беше позната фацата затоа што само пред неколку дена го видов малиов на ТВ Скопје, како со широка насмевка и неверојатна леснотија шета по клавијатурите на хармониката.

Се согласив, велејќи, чим ти Тале го прифаќаш во твој оркестар, тогаш мора да е добар. Името му беше Милан. Да Милан Завков.

Се сретнувавме и години после свадбата, и каде и да го видев, му викав, па ти ми свиреше на свадба се сеќаваш, а тој ко од топ, е како не се сеќавам, а момчакот кој знае колку свадби има отсвирено.

Неисе, станавме блиски откако 1993 година дојде со телефонот Панасоник да побара сервис. Е од таа средба, навистина и тој се сеќаваше на мене, беше пресреќен што го средивме неговиот нов безжичен телефон Панасоник.

Немаше недела да не ми се јави и да рече, Боки, фала ти многу за бесплатната поправка, и ако ти треба свирка за било што, слободно јави се, ја имаш гратис од мене…

Беше мил, симпатичен, добродушен, постојано насмеан, питом човек, и секако мајстор на својот инструмент. Почивај во мир Милане…“