Naslovna Zivot Стефан од „Некст тајм“ го победи Влатко Лозано- џабе трудот кога крајот...

Стефан од „Некст тајм“ го победи Влатко Лозано- џабе трудот кога крајот е ваков

Влатко Лозаноски со прекар Лозано е несомнено нашиот најпопуларен пејач. Девојките лудуваат по него, а го сакаат и децата и повозрасните и поради неговата музика, песни и скромноста.

Влатко неодамна искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи и пор -оци кои ги носи неговата професија, музиката, и рече дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.

-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече Кичевченецот.

„Жртвата е многу тешка“, рече Лозано. Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт.

Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци. „Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. На р коти -кот е публиката, таа ти дава екстаза.

Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата Еден на еден.

Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.

Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глeдам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!

Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се случи во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.

На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.

На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена.

Во друго интервју за Женски магазин, музичката ѕвезда искометрира дали повторно би одел на Евровизија, но раскажа и за неговиот прекар- Лозано.

– Искрен да бидам и имам, но и немам добро искуство од Евровизија. Би сакал нормално повторно да ја претставувам Македонија, но само доколку имам добра песна и добри услови за работа, за да сепак го оправдам моето учество пред публиката“, рече тој.

Лозано секогаш пее песни кои допираат во срце, а една таква е Километри, која поради своите стихови е хит во дијаспората. Лозано потоа испеа уште една слична песна која е посветена на љубовта, на реката Вардар и на Македонија.

Песната стана в хит во дијаспората, и многумина се пронајдоа во неа. И во спотот, тој раскажува пелчабраска приказна, во еден кадар мајка му го испраќа од родниот дом. Лозано во неа вели:

Знам како е да немаш, знам како е да немаш, во ладни утра, сиви чувства и само празнина без крај. Мој Вардаре ми кажи, колку ли криеш тајни, на луѓе приказни, тајни оловни, на дно заборавени.

Лозано гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и иако сме навикнати тој да е скромен и резервиран музичарот овој пат се отвори како никогаш досега.

-Кога правам нешто, се трудам да не изрегирам веднаш, претпоставувам дека самото решение или самиот одговор кој треба да се даде има уште милион други комбинации.

Знам што е работно, што е приватно, оние што ме знаат приватно можеби ме знаат и малку понаку, каков е Влатко.

Можеби поведар, можеби поослободен, итн, итн., така да гледам тоа што е за јавност да е за во јавност, тоа што е приватност да е приватност, ако и приватноста биде јавна, тогаш каде е приватноста?

Често одам во Кичево, се дружам со мајка ми и со татко ми, одиме во нашата викендица во Белица, континуирано работиме таму, во тие моменти не сакам да објавувам што правам како правам, едноставно да си уживаме и во физичката работа.

Таму е убаво место, на 760 метри надморска височина, Кичево е на 660. Другото слободно време, кога беа фитнес центрите отворени често ги посетував, сакам да спортувам, два пати неделно фудбал игравме“, рече Влатко.

Стефан од “Некст тајм“ инаку редовно игра фудбал со Лозано, а на неговото ново стори се покажа Лозано како трча накај голот, но Стефан беше побрз од него и даде гол. Лозано се потруди да го спречи напа дот, но на крајот Стефан сепак поентираше.