Познато е дека нашата пејачка Татјана Лазаревска која живее во Австралија, долги години била доста приврзана за својот татко, всушност како и секоја татина галеница.
За жал, тој пред неколку години се упокоил, а неговото име Стефан го носи синот на Татјана и на Новица, а нивниот друг син се вика Петар.
– Вечерта кога татко ми по-ч-ина имав настап во Гостивар. Го откажав, тоа беа најтажните моменти во животот.
После две недели имав настап кој беше претходно закажан, можев да го откажам, но не го сторив тоа.
Знаев дека микрофонот ќе ми биде лек за големата болка. Кога се качив на сцената и почнав да пеам, се обидував да бидам весела и да се контролирам да не заплачам, за да не го нарушам расположението на луѓето.
Направив убава атмосфера. Кога му кажав на газдата на локалот за мојата болка, тој не можеше да поверува колку професионално го изработив мојот настап“, кажа Татјана претходно во Женски магазин.
Татјана Лазаревска со голема тага се прости од Милан Завков, големиот хармоникаш и композитор, кој утрово се упкои во Скопје, а во оваа приказна која ја ојави на Фејсбук раскажа и за својот татко.
– Со река солзи во очите. Го пишувам овој пост и не можам да верувам. Ах бе Мице!!!!….Беше и ќе бидеш огромен дел од мојот и животот на моето семејство Лазаревски.
Првенствено како наш најблизок и најискрен пријател, и како мој музички гуру, човек и уметник кој ме воведе во музичките и пејачките води.
Засекогаш ќе ми остане во најубав спомен денот кога пред 27 години решив да станам пејачка.
Откако им соопштив на моите родители за мојата одлука, прво што направи мојот татко Стефан (кој ти толку го сакаше и почитуваше како свој татко и во негова чест го компонираше и му го посвети најубавото “Стефаново Оро”) го зема телефонот, ти се јави и ти рече:
-Мице, стави по едно кафе доаѓаме со Жане (мајка ми) и Тања, сериозна е работата”. Кога стигнавме во твојот дом татко ми ти рече вака:
-Мице, Тања сака да поцне да пее, те молам слушни ја и најискрено без лутење кажи дали ја бидува или не, да не се срамиме ни јас ни ти, зошто сите знаат колку сме блиски!”
Од тој ден ти стана мојот музицки водич. Заедно со тебе пливав низ музичките води со гордо крената глава. Првиот фестивалски настап, првиот албум, првиот хит “А БРЕ ЧИЧО” ти ги долам токму тебе МАЕСТРО МИЛАН ЗАВКОВ.
Низ овие 27 години од мојата музичка кариера имавме одлична соработка на разни семејни веселби, телевизиски проекти, новогодишни настапи итн.
А во најдлабоко сеќавање ќе ми остане нашата заедничка турнеја во Австралија во 2013. Ти, Новица Василевски и јас направивме прекрасни концерти и дружба за паметење.
Има уште многу да се пишува за нашите заеднички спомени, ама рацеве ми се тресат од тага и неверица за твоето ненадејно заминување.
Единствено што ме теши во овој момент е што сега сте заедно со твојот верен другар и пријател Џанго (мојот татко Стефан).
Сега свирете и играјте во царството небесно, летајте со ангелите, а ние засекогаш ќе ве чуваме во нашите срца и нашите спомени.
ПОЧ ИВАЈ ВО МИР МАЕСТРО МИЛАН ЗАВКОВ“, напишала Татјана на Фејбсук.