Порталот „Убавина и здравје“ минатата година објави дека Тамара Тодевска се разведува со својот сопруг.
Иако за оваа информација се шпекулира подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ доби официјална потврда за оваа вест.
Тие дознале дека славната пејачка и поранешниот кошаркар и Александар Димитревски – Мачка одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.
– Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.
Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.
Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично“, изјавила Тамара.
Додека Тамара и Александар – Мачка биле заедно, Тамара следново го изјавила за медиумите:
-Моето семејство е суперкул. Некако мислам дека само јас сум со традиционален кодекс на мајка заштитничка, но да не е Александар така посветен семеен човек и татко најверојатно целосно ќе се посветев на семејството и ќе пеев само одвреме навреме.
Јас имам подршка да бидам исполнета пред сè професионално и тоа прави и јас да бидам многу среќна жена по дома. А кога мајката е среќна цела куќа пее“, рекла Тамара во Женски Mагазин.
Потоа на социјалните мрежи се појавуваа шеговити коментари дека Тамара е на социјалната мрежа за барање партнери, Тиндер, и таа на своето стори ја има споделено истата оваа шега.
Катарина Ивановска, нашиот топ модел со светска кариера ѝ е голема поддршка на поп-ѕвездата Тамара Тодевска, како и Тамара на Катарина. Често се зборува дека тие двете се скарани, па повторно се во добри односи….
Двете се другарки долги години. Катарина е дел од сите позначајни настапи на Тамара, а така беше и минатато лето, на коцертот на Тамара во Охрид, во Античкиот театар, заедно со Перо Антиќ.
Антиќ е близок пријател со Тамара, и со нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка. Тој на концертот го прослави својот роденден, а Тамара му го честиташе и го поздрави од сцената- објави Женски Магазин тогаш.
Токму Перо Антиќ објави слика со својот пријател Мачка и го нарече брат, па јасно е на чија страна е сега Перо, по разводот на пејачката и на кошаркарот.
„Со мачката од Гевгелија, брат од друга мајка“, напиша Перо на Инстаграм до сликата со Александар Димитровски.
Тамара како горда и посветена мајка во една прилика зборуваше и за своите деца, ќерката Хана и синчето, Дарен и кажа кои карактеристики ги забележува кај нив.
-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.
Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот.
Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.
Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка.
Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара.
Инаку, Тамара останала навистина во добри односи со поранешниот сопруг, а доста медиуми ја објавија сликата каде што тие двајца заедно го прославија роденденот на нивниот син, Дарен.
Се сликаа сите семејно, на роденденската прослава на Дарен, на која имало суперхерои за малиот славеник и биле доста нивни пријатели.
Тамара на Инста објави слики каде што е сликана во новогодишен амбиент, во еден наш познат хотел, на едната слика е со ќерка си Хана, а на другите две е сама, и до овие слики, таа напиша:
-Оваа 2022 година да ја паметиме по убавите работи, а ги имаше навистина многу“ стои до сликата од Тамара.
Познато е дека Мачка и Перо Антиќ многу се дружат, а Мачка не е многу активен на социјалните мрежи и си го има заклучено профилот на Инстаграм, бидејќи не сака да се експонира.
Перо Антиќ на Инста стори објави видео од Мачка на кое ги потенцира неговите патики од познатиот моден дизајнер Филип Плеин.
Всушност на страната, овие патики можат да се порачаат за 540 евра, речиси 600, што е добра понуда за ваква добра патика. Се гледа дека Мачка има добар стил.