Naslovna Zivot Ова е животната приказна на Милан Завков- бил на голема животна раскрсница,...

Ова е животната приказна на Милан Завков- бил на голема животна раскрсница, една одлука засекогаш му го сменила патот

Многу колеги и пријатели денеска со неверување се простија од маестро на харомоника, големиот музичар и композитор на народна музика, Милан Завков. Ансамблот Танец прв објави за оваа загуба:

-Со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, се упокои врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков.

Неговата љубов кон музиката датира од најраното детство. Започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски.

Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба.

Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера.

Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика.

Самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска..

“Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска..

Како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски.

Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот.

НУ „Танец“ од името на сите вработени го изразува своето најдлабоко соч уство до почитувачите на Милан Заков и до целото семејство ЗавковиС, стои во објавата на Танец.

Својата животна приказна, овој почитува музчар кој ненадејно се упокил, ја раскажал во едно интервју за ТВ 24, кое во тое време го направила новинарката Јана Серафимова.

– На 8 роденден добив хармоника, тука веќе почнува љубовта кон музиката, тука бев заедно со моето семејство, сите беа надарени за музика. Мајка ми бепе еден од првите радио пејачи, татко ми беше хармоникаш.

Брат ми, и ден-денес сме заедно, тој свири гитара, јас хармоника, заедно сме композитори, значи се во склоп на музиката- изјави Завков во едно интревју за ТВ 24 за брат му Тодор Зафиров.

Потоа, се присети на неговото детство кога почнал во Танец во детското стдуио. „Бев мал кога дојдов овде и ете така ми било пишано, до ден-денес да бидам во ансамблот Танец.

-Во Танец кога бев дете беа членови сите пејачи- Александар Сариевски, Петранка, преку контакти, преку концерти, преку познаства со овие пејачи, мојот талент беше откриен.

Нормално, уште како мал почнав со нив да соработувам со нив, тоа се професионалци, доајени во македонската музика. Така да од тогаш направив многу снимки, и имам соработка со сите наши врвни пејачи во фолк музиката“, рекол Завков во ова интервју.

Потоа, кажал дека како млад се занимава со фудбал, и бил дел од ФК Вардар, и дел од таа приказна, тој сподели во ова интервју:

-Пред запишувањето во средно музичко, бев три години во пионерскиот тим на Вардар, фудбалот беше моја љубов, и ден-денес е моја љубов, одам на сите утакмици на Вардар и на нашата репрезентација.

Пред да го запишам средното музичко училиште, требаше да одлучам дали ќе продолжам со фудбалот или ќе бидам музичар. Сепак, преовлада музиката, фудбалот остана како моја љубов.

Не ми е жал што ја одбрав музиката, затоа што денес, со посебно задоволство ја работам оваа професија“, рекол Завков за оваа негова животна раскрсница, и за одлуката која му го сменила животот.