Naslovna Zivot Нора Шаќири најде нова професија- се пофали дека супер заработува, еве што...

Нора Шаќири најде нова професија- се пофали дека супер заработува, еве што работи сега

Нора Шаќири е наша позната новинарка, водителка и активист. Мајка е на синот Ијан, а нејзин сопруг е музичарот Марко Марковиќ.

-Со Марко се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по загубата на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓу луѓе и тогаш се појави тој.

Ме прегрна, ми изрази сочувство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш. Не знам како, ниту пак од каде се појави, ама кога ме прегрна знаев дека Марко е тој.

Кај Марко сакам буквално СЕ, и тогаш кога ме вади од такт јас бескрајно го сакам. Марко е прекрасен лик, миленик на моите пријатели, Марко го сакаат сите затоа што е навистина многу добар човек.

Обожавам кога го слушам како пее поготово кога сум кај него на свирка, и кога ќе отпее нешто за мене.

За жал, предрасудите се дел од нашето секојдневие, јас научив да живеам со истите.

Во текот на досегашниот живот многу предрасуди беа фрлени врз мене од тоа дека сум Албанка, дека сум јавна личност, па се до моментот дека се омажив за човек од друга националност и вера.

Многумина мислеа дека со невкусни коментари можат да ни ја згазат љубовта и врската со Марко.

Но, се случи токму она што мене ми е девиза во животот „ОНА ШТО НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СКРШИ ЌЕ ТЕ НАПРАВИ ПОСИЛЕН“. Јас и Марко победивме и покажавме што значи вистинска љубов, почит еден кон друг, почит кон семејството и кон пријателите“, изјави таа.

Во ноември во 2021 година, Сакам да кажам објави дека тогашната министерка за култура, Ирена Стефоска ја разреши в. д. директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ, а за нова в. д директорка стана актерката Магдалена Ризова-Черних тогаш.

-Во театар комедија се ширеше љубов, а не омраза. Ви благодарам и на останатите за поддршката„, нашиша Шаќири тогаш во своето обраќање.

Нора, откако веќе не е директорка на Театар комедија, најде нова професионална окупаицја.

Таа е дел од нов тим- Академија која е всушност нов центар за еукација и ги учи своите соработници како да заработуваат од дома со започнување на свој, онлајн бизнис.

Таа одржала предавање и на Фејсбук објавила мала приказна, задоволна од резултатите минатата година:

-Првпат во своите 40 години излегов од својата рамка и УСПЕАВ.. Првпат сум на една поинаква сцена, пред друг профил на луѓе и бескрајно сум благодарна за тоа..

Конечно научив што значи да можам да работам и надвор од она што ми е веќе познато.

Само ЕДУКАЦИЈАТА има почеток, а нема крај.

Секој изговор може да упропасти 100 прилики, секој човек може да успее единствено ако сака Mr New Life ЕДУЦИРАЈ СЕ!!!“, објавила Нора.

На интернет страницата на оваа Акедемија, ја има и Нора како дел од тимот кој остварил заработка за изминатиов период.

Нора Шаќири сега има своја интернет страница, а на Инстаграм профилот објави дека таа станала експерт за маркетинг, и дека добро заработува.

На интернет страницата uspehsonora.com пишува: Заработувајте како Нора Шаќири, а потоа, во продолжение пишува: Доколку сакате да станете експерт за дигитални вештини и да научите Affiliate маркетинг, станете дел од тимот на Нора.

За повеќе информации погледнете ги видеата во продолжение или аплицирајте на формата подолу“, стои во објавата, и изгледа дека на Нора навистина ѝ тргнал овој нов бизнис.

-Во последно време некако ми се отвори многу слободно време, и сакав да пробам нешто ново, а тоа да биде едукативно, а тоа да биде нешто модерно, и на крајот од денот да биде доходовно“, кажала Нора во интервју за оваа страница.

Таа рекла дека сега се чувствува како во студентските денови, затоа што се уште учи, и се пофалила дека оваа работа со фирмата од која учи ѝ отворила нови видици и има добар ќар.

-Во месец август, за само 10 дена работа, заработив чисто 12.000 денари или 200 евра. Запони го и ти твојот нов живот, кажала Нора во едно друго видео изминатово лето.