Внукот на маестро на хармоника Милан Завков е всушност Филип Нацоски, кој е брат на Благој Нацоски, познат оперски пејач кој одржал незабравен концерт во саботата во Скопје.
Филип е инаку познат спортки новинар кој ги следи сите важни фудбалски натпревари.
Тоа всушност била прослава на 20 години кариера на овој оперски пејач, а таму внуците Благој и Филип се виделе со свокот вујко, Милан Завков.
Емотивна приказна за својот вујко, кој се упокои денес ненадејно Филип ракажа за на Фејсбук, а во неа е една реченица што засекогаш ќе биде врежана во неговото срце.
-Има една незаборавна фамилијарна забава во кафаната Аркадија во Лисиче 1990-та која од уста не ја вадиме 33 години. Свиреше со неговата легендарна група „Македонски мерак“, а пееше Виолета Томовска.
Без разлика што имав 8 години, одлично ја паметам. Фрчеа ора и чочеци. Неповторливо нешто. Бевме во голем фамилијарен состав. Се е документирано.
Ми рече дека ја има на хард и дека ќе ми ја префрли, бидејќи јас цреп на ЦД ја чувам, префрлена од лента. Старееме Милан, му вели мајка ми, треба почесто да се гледаме, а татко ми и вели на Марта, сега вие младите да организирате.
Падна муабет за во март, ама скап аниот сур ов живот нема да ни дозволи. Не е фер. Сакам уште да го слушам, ама во живо. Звукот што го вади од хармониката е нешто посебно.
Мор ници. Те тера на пијачка. Каков генијалец. Опчинет сум кога го слушам. Ја везе на секој настап. Кога одеше Зајди Зајди на Алфа, дома забрането беше да се пипка даљинското.
Недела околу 13 и нешто, таман ракиино време. Пушташ и уживаш со него и цела таа прекрасна екипа на музичари, кои ти го прават денот. Скоро на Иле од Маестро му реков:
Брат, не знаеш колку ви се радувам на успесите, вие сте наследници на Македонски мерак, па уште кога ќе ве видам заедно со Милан на сцена, доживљај за сите пари.
Ја негувате македонската музика со стил. Им гостуваше на 10 годишнината минатиот октомври. Фантастична роденденска забава. Уживање од прва до последна минута. Рака ми се укочи од снимање со телефонот.
Не можам повеќе да пишувам, мраз ми се рацете. Инаку имам многу работи, само прекрасни спомени, а па да почнат моите да ви раскажуваат. Каде свират Македонски мерак за Нова година, во Куманово?
Одиме во Куманово. Следна година во Охрид? Одиме во Охрид. Загубивме пред се срце и душа од човек, предобар и прескромен.
А колку голем уметник беше и какви дела остави, ми објасни најубаво Миле Кузмановски кога пееше во кафаната Крушевска одаја.
Милан Завков ти е вујко? Па вујко ти треба да се предава како посебен предмет по музичко. Ти не си свесен што се има направено за македонската музика.
Не ми се верува дека ова е вистина. Не отру сите дома. Во саботата дојде кај брат ми на концерт со Марта и Бојана. Насмеани како и секогаш, зрачеа со позитивна енергија.
Како што се гушкаме му велам пола прегледи на Јутјуб ти се од мене. Не затоа што си ми вујко, туку затоа што си ШАМПИОН. Му викам како лета времето Милан, брат ми стигна до 20 години кариера, тебе ти славевме 40.
Ама пази, тоа беше во 2017, значи сега се 46, така што спремај се за јубилеј од 50.
Ми рече: Уште тоа е и доста е веќе“, се зборовите кои ги кажал Милан Завков, брзо пред неговото заминување во вечноста.