Naslovna Zivot Марија Пијанманов Плевнеш проговори околу „слободните“ слики: Кој може да знае за...

Марија Пијанманов Плевнеш проговори околу „слободните“ слики: Кој може да знае за моето тело… (ФОТО)

Марија Пијанманов која живее во Париз, многу често, заедно со нејзиниот сопруг снимаат видеа и поставуваат фотографии, претставувајќи ги убавините на градот на светлината.

Марија многу често, знае да влезе и во кон фликт на социјалните мрежи, со многумина кои во коментари и упатуваат непристојни зборови и ја омаловажуваат.

Пред некое време, таа на својот профил на социјалните мрежи, на сите нив, им упати порака:

„Иако сум со месеци во Париз, со месеци не споделувам фотографии од сонот на сунсетите кои ги носам во џеб секојдневно враќајки се покрај Сена, и кои заспиваат во мојата насмевка за да ме разбудат поубава од поубавите.

Ниту од раскошните погледи во Ајфеловата кула која ми се вљубува во очите како секојдневен празник, додека седам во филмски ресторан, ниту од елисејските полиња каде париските златни лисја се како звук од супер поезија во моите деноноќија.

Не ги споделувам ниту моите магични фотографии на љубовни магии со волшебниот Парис затоа што ќе ги погледнат со зло ба помодараки со трикови на изгубени ветрушки кои добиваат сила токму поради тие лесни трикови.

Не ги објавувам и поради демначи кои отишле некаде на викенд да се сликаат пред скапа европска врата, а се вратиле овде на фејсбук да демнат и мpа зат, за да го униш тат со дем онска енергија живеењето на сонот кој за нив е омpа за и се над омp азата.

Споделувам само мемории од фејсбук за да ги потсетам на нивните омpази, со кои го дишат секој здив од секојдневието.

И за секое фотокопирање на тугите среќи, погледи и идеи, тоа е одраз на сечија поквареност во насмевките. Продолжете да демнете кобници на убавината и копирачи на среќата. Со посвета.“

Марија учествуваше во емисијата на Снеже Велков, „ЗаСе Македонија“ и кажа зошто ја прифатила оваа понуда да учествува:

-Коко е во Париз и тој беше всушност иницијаторот да дојдам во емисијата. Јас нели се договаравме долго време, но одбивав да присуствувам во емисија во Македонија.

Веројатно сум многу поинтересна отколку што јас самата се доживувам, затоа што сум многу природна личност, спонтана, искрена и мислам дека тоа ги иритира луѓето.

Веројатно ги иритира тоа што си многу свој и што не треба да глумиш за да бидеш среќен, туку тоа го правиш веројатно од срце, од душа и тоа кај некои луѓе, можеби предизвикува иритација, дека не им успева, а мене ми успева.

И веројатно сум заради тоа некоја сензација, која што ако се појави на ТВ или на интернет, создава бурни реакции.

Значи, Коко рече дека можам да дојдам во емисија, ве поздравува сите, тој е во Париз. Овде сум по негова иницијатива,“ рече Марија, па рече што мисли за коментарите на луѓето или дали ѝ е гајле, што всушност беше темата кај Снеже во емисија.

-Види, овде се случува еден феномен да луѓето да мислат дека центарот на светот е Македонија.

Јас сум светски лик, јас не живеам во Македонија и тоа што јас го правам или го комуницирам, го правам во Франција, во Париз, каде што живеам со сопругот.

Значи, имаме свој дом таму. Јас можам таму да правам што сакам. Значи, јас сум во градот на слободата, а кипот на слободата, оригинално е во Париз.

Aко на некого му се допаѓаш во Париз, ти доаѓа и ти го кажува тоа. Јас добивам многу комплименти, да се каже, сум и една фаца, кога ќе се појавам на тие џет-сет места.

Што јас не ги сакам како џет-сет да ги нарекувам, си ги нарекувам како малски кафичи. Кога живееш во таква средина, не го гледаш така светот, како тоа да е леле што, туку ти е секојдневие.

Јас не зборам дека баш ми е гајле, ниту терам нешто по свое, туку живеам еден убав живот, светски. Не е тоа, баш ми е гајле, мислам не го разбирам тоа.

Јас живеам во една најубава средина во светот, Париз е најубавиот град, значи јас не живеам баш ми е гајле, јас живеам перфектно, совршено.

А тие што живеат баш ми е гајле, имаат замерки на тој живот, го правам да биде интересен за мене.

Јас не изигравам ѕвезда, туку така живеам приватно. Во Париз се напишани човековите права и декларацијата за човековите права.

Таму не се кршат тие, тоа е многу страшно, значи тоа е сосема друга галаксија. И зошто би размислувала на кој му угодувам или не, немам зошто, рече Марија.

Марија многу често добива погрдни коментари, поврзани со нејзиниот изглед. Таа на својот Инста напиша дека не е дебела, туку е само презгодна како Бијонсе.

Потоа, на стори објави „чет“ со одредена личност која ѝ кажува на Марија дека другите ѝ завидуваат и дека е жена за пример, на што Марија вратила на пораката, а воедно која ја објавила, помислила и на оние кои ја критикуваат:

-Кои се тие што го знаат моето тело за да кажат нешто на коментари? Ха ха, јас немам разголени постови, но ако имам ќе имам најмногу следачи и прегледи, а сите останати тоа го прават со голи задници и криви облини.