Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник веќе 6 месеци живее еден од своите соништа, далеку од дома. За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските, а ја доби и од Џамбазов.
Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм.
Илина за Женски магазин раскажа за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.
Исто така, ја долови важноста и интересниот дел од нејзината работа како професор, а откри и за животот во малото студио со позајмен телефон.
Зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години. Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна.
Но, со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде. Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас.
Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.
Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области.

Се обидувам да ги запазам истите практики како и во Македонија. Така што кога не сум на факултет одам да качувам карпи, пливам, пешачам, посетувам изложби и музеи или излегувам со пријатели.
Но, имам и доста работа за факултет. Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам. Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега.
Така што патувањата ми се сèуште приоритет. На пример, сèуште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио.
Сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била.
Така во овие четири месеци веќе имам посетено 3-4 природни и национални паркови, и барем 4 нови држави во САД. (Кентаки, Вирџинија, Невада, Каролина, Тенеси)“, рекла Илина.
-Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.
Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности се уште се донекаде зачувани.
Тоа чувство ме одржуваше силна до врвот. Да ја направам горда нашата земја и да ги израдувам сите тие луѓе кои виртуелно ме следеа до врвот“, кажа Илина која освои седум врвови во едно интервју за Слободен печат.
Апсолутно дека не е се’ освоено и не може да се освои. Мојата филозофија е дека човек не може да освои планина туку планината да му дозволи да стапне, или не на нејзиниот врв.
Исто така станува збор за различни спортови и различнни предизвици кои јас ги практикувам како планинарење на големи височини, искачување карпи, алпинизам, ски алпинизам и слично. Секоја дисциплина си има свој предизвик“, кажала Арсова.
Сакам да приготвувам наши традиционални јадења но комбинирам и со поегзотични состојки. Кога готвам за да се прехранам себеси често сакам едноставна храна, но богата со она што ми треба.
Мислам дека имам добра комуникација со телото и точно знам што тоа сака. Јадам доста семиња, леќа, јајца, нешто тестенини, неизбежното благо особено на почеток на месецот или во деновите кога жените се полудени.
Јадам и месо, но не премногу и тоа ако некој го понуди на маса или ако со пријатели јадеме надвор“, рекла Илина. Неодамна, Игор Џамбазов откри дека тие двајца веќе не се заедно, тоест дека далечинатаб си го направила своето.
Игор и Илина беа во врска три години, и беа еден од најпопуларните парови на јавната сцена. Таа неодамна објави свое стори како позира со мускулите.
Но, Илина е доста изненадена од негативните коментари кои ѝ ги упатија одредени луѓе што ја следат за оваа слика. Еден од коментарите, кои Илина јавно ги објавила вели:
-Не си ич интересна без спонозорот Игор. Илина на ова искоментрала: Не знаат дури ни да пишуваат, а коментираат за луѓе што не ги познаваат. Зошто?“