Популарниот ТВ водител, Јанко Илковски, коментирајќи твитер статус за ситуација во маркет, пред некое време напиша подолг статус: САМИОТ Е ВИНОВЕН!
„Не ми глуматајте како било во светот, како било у Емерика, Немачка Имачка … живеете во МАКЕДОНИЈА каде платите и условите на вработените се мизерни, нивните перформанси на работа се под нивото оти се премалку, не можат да постигнат оти во исто време ви ги сецкаат тенко посрани саламчиња за вас оти како тоа дома да пресечеш не ве личело, господа сте биле, па уште погледнуе, да кажете дали потенко.
Море марш !Што не купите готови сецкани? Мизерии едни. Во исто време, продавачките ги чекаат да наредат 3 палети со производи од магацин кои у нормална земја 5 банту црнци цел ден ги пренесуваат и едвај постигнуваат.
Трчаат на каса оти времето било пари а вие нервозни бизнисмени чекате ред што и ден денес ви е несфатливо како таква високопоштована особа ко што сте вие, со копмпир на чарапот, уопште треба да чека ред и по пут пц уе – тивамдржавататибам.
И не, не се за тоа е платени и не сте во право! Маркет во Македонија е место за преживување и наше и на вработените, не ми глумете кралска фамилија.
Јанко Илковски деновиве учествуваше во емисијата на Снеже Велков, „ЗаСе Македонија“.
Темата на емисијата беa жените, освојување на жена, но и брзите прашања на Снеже, кои машки карактеристики би сакале мажите да имаат нивните сопруги за да им биде полесно.
„Да ти кажам во мое време, најголем фраер ќе биде оној што најдобро збори. Јас зборам многу ама не зборам добро.
Значи, секоја жена ќе ви рече, „Момци, колку и да имате пари…“, ќе се лепат на пари, ќе се лепат на сѐ што ќе заработите.
Но, едино така некои жени ќе можете да ги освоите. Секоја жена ќе можеш да ја освоиш ако ѝ го погодиш муабетот, сега највулгарно ви го кажувам.
Ако ти знаеш да ѝ направиш муабет, ако ти ја хипнотизираш, ако ти ѝ кажеш тоа што треба. А тие имаат, пази, имаат во био, знаат дали лажеш, дали се фолираш, некои можеш да ги прелажеш, но со муабет може да ги шармирате, рече Јанко, па проговори за неговата сопруга кога директно ѝ се обрати на Снеже:
„Што сакаш да ме прашаш ти за мојата? Ти ја знаеш мојата“, ѝ се обрати Јанко на Снеже.
-Јас мислам дека сѐ од ова може да направи (менување гума на автомобил, цепење дрва, поправање казанче…). Мене ми изгледа како многу способна жена, рече Снеже.
„Жена ми има три деца и ме има мене. Изгледа како тебе и јас поголем комплимент и ароганција не можам да имам од ова. Дали е со кој памет, викам трета деценија сме заедно, да не се свести, уште малку ќе издржиме, супер ми е,“ рече Јанко за својата Лидија.
-Кога ќе влезеш во бракот, кога ќе дојдат децата, кога љубовта и еросот ќе станат нешто друго, кога ќе го видиш она дете. Кога оној човек ќе биде покрај тебе и во добро и во зло, бледеат сите оние тинејџерски работи.
Тогаш љубовта добива нови димензии, рече водителот на едно од најгледаните ток-шоуа кај нас во последните години, „Јади бурек“.
Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.